From Wikipedia, the free encyclopedia
Емануел Макрон (француски: Emmanuel Macron), (Амјен, 21 декември 1977 ) – француски политичар, јавен службеник и поранешен инвестициски банкар, избран за претседател на Француската Република на 7 мај 2017 година.
Емануел Макрон Emmanuel Macron | |
---|---|
25ти претседател на Франција | |
Стапува 14 мај 2017 | |
Претходник | Франсоа Оланд |
Копринц на Андора | |
Стапува 14 мај 2017 | |
Премиер | Антони Марти |
Representative | Жан-Пјер Иг |
Претходник | Франсоа Оланд |
Министер за економија, индустрија и дигитални работи | |
На должноста 26 август 2014 – 30 август2016 | |
Премиер | Мануел Валс |
Претходник | Арно Монтебур |
Наследник | Мишел Сапен |
Лични податоци | |
Роден(а) | Емануел Жан-Мишел Фредерик Макрон 21 декември 1977 Амјен, Франција |
Партија | Напред! (En Marche!)(2016–до денес) |
Други припадности | Независен политичар (2009–2016) Социјалистичка партија (2006–2009) |
Сопружник | Брижит Троње (2007–досега) |
Родители | Жан-Мишел Макрон Франсоаз Ногес-Макрон |
Установа | Париз X Нантер Политички науки |
Вероисповед | католичка |
Потпис |
Студирал филозофија на универзитетот Париз Нантер, а во 2004 година дипломирал на Националната школа за администрација. Станал финансиски инспектор во Инспекторатот за финансии на Франција, а подоцна станал инвестициски банкар.
Бил член на Социјалистичката партија од 2006 до 2009 година и за време на првата влада на Франсоа Оланд, во 2012 година, бил назначен за заменик секретар пред да стане Министер за економија, индустрија и дигитални работи за време на втората влада на Мануел Валс,[1] кога тој протуркал реформи наклонети за бизнисот. Макрон дал оставка во август 2016 година[2] за да поднесе социјал-либерална[3][4][5] кандидатура на претседателските избори 2017.[6] Во ноември 2016 година, Макрон објави дека на изборите ќе биде под знамето на „Напред!“ (En Marche!), движење кое тој го основа во април 2016 година.
Макрон се квалификувал за вториот круг на избори во првиот круг на 23 април 2017 година. Победи во вториот круг на претседателските избори на Франција на 7 мај 2017 година победувајќи ја кандидатката на Националниот фронт, Марин Ле Пен со голема разлика. [7][8] Со своите 39 години, тој е најмладиот претседател во француската историја и најмлад француски водач на држава после Наполеон. [9][10]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.