From Wikipedia, the free encyclopedia
Појадок кај Тифани (англиски: Breakfast at Tiffany's) - американски филм од 1961 година, во режија на Блејк Едвардс, по сценариото на Џорџ Акселрод, засновано врз книгата на Труман Капоти. Главните улоги ги толкуваат Одри Хепберн, Џорџ Пепард, Мики Руни, Патриша Нил, Бади Ебсен и Мартин Балзам. Портретот на Холи Голајтли како наивен, но ексцентрична девојка се смета за најпознатата и најнезаборавната улога на Одри Хепберн, а и таа самата изјавила дека таа била најпредизвикувачката улога во нејзината кариера, бидејќи играла екстровертна личност, иако по природа била интровертна. Песната „Месечева река“ (Moon River) која во филмот ја пее Одри Хепберн, им ја донела наградата „Оскар“ на композиторот Хенри Мансини и на текстописецот Џони Мерсер, а филмот бил номиниран за „Оскар“ во шест категории.[2] Според Мансини и Едвардс, претставниците на студиото толку ја мразеле песната што барале веднаш да биде исфрлена од филмот, но Хепберн, која била присутна во мигот кога била донесена оваа одлука, извикнала: „преку моето мртво тело“. Филмот останал запаметен и скапата облека на Живенши што ја носи Хепберн,[2] како и по сликата на тенката Хепберн со носач на цигара во раката, несомнено една од иконските слики во американската филмска историја.
„Појадок кај Тифани“ | |
---|---|
Филмски постер од 1961 | |
Режисер | Блејк Едвардс |
Продуцент | Мартин Џуроу и Ричард Шепард |
Сценарист | Труман Капоти (роман) Џорџ Екслрод (сценарио) |
Главни улоги | Одри Хепберн Џорџ Пепард Патриша Ник Бади Ебсен Мики Руни |
Музика | Хенри Мансини |
Кинематографија | Франц Планер и Филип Х. Лаптроп |
Монтажа | Хауард А. Смит |
Дистрибутер | Paramount Pictures |
Премиера | 5 октомври 1961 |
Времетраење | 114 минути[1] |
Земја | САД |
Јазик | Англиски |
Буџет | $2,500,000 |
Филмот ја обработува приказната за Холи Голајтли (ја игра Хепберн), млада девојка која живее хаотичен живот. Без стабилно детство, таа се венчала на четиринаесетгодишна возраст, а подоцна го поништила својот брак, се преселила во Холивуд со цел да започне филмска кариера, а оттаму се преселила во Њујорк. Таму, Холи води расипнички живот, исполнет со секојдневни забави. Истовремено, таа заработува пари како кол герла при што еднаш неделно посетува еден мафијашки шеф во затворот и несвесно ги пренесува неговите пораки. Еден ден, таа го запознава младиот писател Пол Варџак (го игра Пепард) кој живее во нејзината зграда. Тој одржува љубовна врска со богата, мажена жена која му плаќа за неговите услуги. Пол се вљубува во Холи, а во Њујорк пристигнува и нејзиниот поранешен сопруг, кој ја моли да му се врати. Иако Холи постојано се дружи со Пол, сепак таа сонува да се омажи за богат човек. Нејзиниот сон се остварува кога запознава убав и богат човек со кого планира да се омажи и да живее во Бразил. Меѓутоа, полицијата дознава за врската со мафијашкиот шеф и Холи е уапсена, а нејзиниот брак пропаѓа. Истовремено, таа добива писмо од поранешниот сопруг, кој ја известува за смртта на нејзиниот сакан брат Фред. Холи е разочарана, но на крајот од филмот таа одлучува да го прифати Пол.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.