Портал:Архитектура/Избрана статија
From Wikipedia, the free encyclopedia
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/2d/MonschauFachwerkhaeuserRur.jpg/640px-MonschauFachwerkhaeuserRur.jpg)
Фахверк — начин на изградба на куќи и поголеми објекти со изработка на дрвена конструкција која потоа се полни со ѕиден материјал за да се добие стабилност и декоративен изглед. Овој начин на градба се користи веќе долго време во разни краишта во светот како стара Јапонија, Европа и средновековна Англија. Денес, во европската традиција најзабележливи примери се наоѓаат во земјите со најдолга традиција: Германија, Англија и Франција, но интересни примери постојат во разни земји од Комонвелтот како Канада, Јужна Африка, Австралија, Нов Зеланд и други.
Примери на полудрвена градба во северноевропската изработка на куќи можат да се најдат во средновековна и ранонововековна Англија, Германија и делови од Франција во локалитети каде што дрвото изобилувало додека каменот погоден за градба и вештините за негова обработка биле оскудни. Кај ваквата градба дрвата се цепеле на половина и од тоа се правел скелетот на куќата.
Прочитајте повеќе