From Wikipedia, the free encyclopedia
Фахверк (германски: Fachwerk) или полудрвена градба — начин на изградба на куќи и поголеми објекти со изработка на дрвена конструкција која потоа се полни со ѕиден материјал за да се добие стабилност и декоративен изглед. Аналогната конструкција во Македонија е бондрукот. Овој начин на градба се користи веќе долго време во разни краишта во светот како стара Јапонија, Европа и средновековна Англија. Денес, во европската традиција најзабележливи примери се наоѓаат во земјите со најдолга традиција: Германија, Англија и Франција, но интересни примери постојат во разни земји од Комонвелтот како Канада, Јужна Африка, Австралија, Нов Зеланд и други.
Примери на полудрвена градба во северноевропската изработка на куќи можат да се најдат во средновековна и ранонововековна Англија, Германија и делови од Франција во места каде што дрвото изобилувало додека каменот погоден за градба и вештините за негова обработка биле оскудни. Кај ваквата градба дрвата се цепеле на половина и од тоа се правел скелетот на куќата.
Римски дрвенарии пронајдени во аноксидни глинени пластови во римско-британските археолошки наоѓалишта укажуваат на тоа дека софистицираното римско дрводелство ги имало сите потребни техники за ваква изградба. Најраните постоечки (француски) полудрвени градби датираат од 12 век.
Некои англиски куќи во тјудорско време биле додатно збогатени со гипсено калапена орнаментација. Полудрвенаријата е карактеристична за англиската домашна архитектура во Источна Англија, Вустершир и Чешир каде што се наоѓа еден од најдобрите примери на англиската полудрвена изградба - Малата Моретонова хала. Во средишните краишта, најстарата ваква куќа се наоѓа во Шефилд, го носи името „Куќа на бискупот“, и е изградена околу 1500 год.
Во велдот во Кент и Сасекс, полудрвената велденска куќа, имала отворена хала со отвори на секоја страна и надвиснувачки горни катови.
Со колонистите, полудрвената градба влегла и во Северна Америка во раниот 17 век, но наскоро била напуштена и користена само во Нова Англија и средноатлантските колонии и била заменета со фасадни штици (уште една традиција во Источна Англија).
Добри полудрвени предни фасади од 15 век сѐ уште можат да се најдат во Бурже и Руан како и во Тир.
Во северна Германија, градот Целе е познат по „фахверк“ од 15 век. Кај градбите од подоцнежниот 16 век, дрвенаријата е раскошно изрезбана и просторот е исполнет со помала дрвенарија, не само од декоративни, туку и од структурни причини.
Deutsche Fachwerkstraße или „патот кој ги поврзува германските средновековни полудрвени куќи“ се протега од Долна Саксонија на север, преку Хесен и јужна Тирингија до Баварија. По тој пат можат да се видат високоживописни полудрвени („фахверк“) куќи.
Називот на ваквата градба во Квебек и други делови од Канада е colombage pierroté и најчесто се однесува на полудрвени градби наполнети со камен или шут која се практикувале сè до 19 век, со тоа што на крајот на истиот век биле повторно вратени во употреба. Во западна Канада ваквиот стил на градба се употребувал и во населеното место „Црвена Река“; Куќата на мажите во Нижата тврдина „Гари“ е добар пример за colombage pierroté.
Кога по 1860 година полудрвената градба повторно добила на популарност, во разните возобновувачки стилови како „Кралица Ана“ кај куќите на архитектот Ричард Норман Шо и други, ваквата градба имала за цел да евоцира „тјудорска“ атмосфера (видете Тјудорбетански), иако во тјудорско време ваквите куќи почнале да изгледаат многу селски и сè почесто се користеле само на село. Во 1912 година, Ален В. Џексон ја издал книгата Полудрвената куќа: Генеза, дизајн, современ план и изградба, и како резултат на тоа се појавиле многу полудрвени куќи во Род Ајленд или по улиците со палми во Беверли Хилс. Во 1920-тите години заради слабо рекламирање, популарноста на овој стил прилично се намалила.
Треба да се знае дека во стиловите на возобновата како тјудорбетанскиот стил, полудрвениот изглед се должи на надворешна декорација, а не на внатрешната конструкција како кај вистинските полудрвени градби.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.