Ран нов век
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во историјата, раниот нов век од поновата историја следува по доцниот среден век. Иако хронолошките граници на овој период се предмет на дебата, временската рамка се протега низ доцниот среден век (околу 1500 година) до почетокот на Ерата на револуции (околу 1800 година). Од глобална гледна точка, најважната одлика на раниот нов век е глобализирачкот карактер – го проследил истражувањето и колонизацијата на Америка и зголемувањето на одржливииот контакт помеѓу претходно изолираните делови од светот. Историските сили сè повеќе се вклучувале во глобалната трговија. Оваа светска трговија на добра, растенија, животни и земјоделски култури ја карактеризираше трговијата помеѓу Стариот Свет и Новиот Свет. Колумбовската размена имала големо влијание на секое општество во светот.
Во светот, капиталистичките економии и институции станале се пософистицирани и глобално артикулирани. Процесот започнал со средновековните северни италијански град-држави, особено Џенова, Венеција и Милано. Во раниот нов век исто така почнал растот и почетокот на доминирањето на економската теорија на меркантилизмот. Исто така почнала и европската колонизација меѓу 15 и 19 век која резултираше со проширување на христијанството низ целиот свет.
Рано-модерните трендови во различни региони од светот претставувале оддалечување средновековниот начин на организација, некогаш политички, а некогаш економски. Периодот во Европа бил сведок на опаѓањето на христијанската теократија, феудализам и кметство и ги вклучува реформацијата, катастрофалната Триесетгодишна војна, Комерцијалната револуција, Европската колонизација на Америка и Златниот век на пиратството. Во почетокот на раниот нов век, на власт во Кина, династијата Минг била една од ”најважните периоди на уредно владеење и социјална стабилност но историјата на човештвото”.[1] До 16 век економијата на династијата Минг била стимулирана преку тргување со Португалците, Шпанците и Холанѓаните. Периодот Азучи-Момојама во Јапонија го забележа Нанбанскиот трговски период по пристигнувањето на првите Европејци, Португалците.
Други значајни трендови во Нов век се развојот на експерименталната наука, намалувањето на релативната оддалеченост преку подобрувања во транспортот и комуникацијата, забрзан технолошки напредок, секуларизирана граѓанска политика и раните авторитативни национални држави во разни региони од светот.