Планетарна маглина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Планетарна маглина — вид на оддавна маглина која се состои од сјајна обвивка од јонизиран гас кој е исфрлен од црвениот џин, последната развојна етапа на ѕвездите.[2] Зборот 'маглина' е со латинско потекло и означува магла или облак а ппоимот 'планетарна маглина' е кованица кој настанала во 1780-тите години кога Вилијам Хершел гледајќи низ својот телескоп , овие објекти му наликувале на кружните форми кои ги имале планетите. Името кое го дал Хершел останало и не е сменето до ден денес.[3][4] Маглините се релативно краткорочни појави, кој траат неколку десетина или пак илијадници години, во споредба со типичниот животен век на една ѕвезда кој може да изнесува и неколку милијарди години.
Начинот на кој се создаваат планетарните маглини е опишан на следниот начин: при крајот на животот на ѕвездата за време на состојбата наречена црвен џин, надворешните слоеви на ѕвездата се исфрлени нанадвор под дејство на ѕвездениот ветер. На крајот кога поголемиот дел од атмосферата на црвениот џин е расеана, оголеното топло, и сјајно јадро оддава ултравиолетово зрачење и ги јонизира отфрлените обвивки на ѕвездата.[2] Впиената ултравиолетова светлина ги енергизира обвивките од маглиновиот гас околу средишната ѕвезда, и добива изглед на светло обоена планетарна маглина во неколку дискретни видливи бранови должини.
Планетарните маглини играат важна улога во хемискиот развој на Млечниот Пат, на начин што повторно се враќа материјалот во меѓуѕвездената средина од ѕвездите каде елементите, се добиени преку спојувањето на јадрата (како на пример јаглерод, азот, кислород и неон). Планетарните маглини се исто така набљудувани и во многу од далечните галаксии, при што се добиваат корисни податоци за хемиското присуство на елементите во овие гасови.
Денес, сликите од Хабл покажуваат дека планетарните маглини имаат мошне сложена и променлива морфологија. Околу една петтина од нив се сферични, но повеќето се сферно симетрични. Механизмите кои ги создаваат овие променливи облици не се доволно јасни, но средишните двојни ѕвезди, ѕвездените ветришта и магнетните полиња се од некоја важност.