![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/21/Triangular_prism.png/640px-Triangular_prism.png&w=640&q=50)
Пентаедар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пентаедар или петостраник — полиедар со пет лица или страни. Не постојат полиедри со преодно лице со пет страни и постојат два различни тополошки вида.
Со лица од правилни многуаголници, постојат два тополошки облици: квадратна пирамида и триаголна призма.
Име | Слика | Темиња | Рабови | Лица | Лица по вид |
---|---|---|---|---|---|
Квадратна пирамида (Пирамидално семејство) |
![]() |
5 | 8 | 5 | 4 триаголници 1 квадрат |
Триаголна призма (Семејство призми) |
![]() |
6 | 9 | 5 | 2 триаголници 3 квадрати |
Квадратната пирамида може да се гледа како триаголна призма каде што еден од нејзините странични рабови (што спојува два квадрати) е преминат во точка, губејќи еден раб и едно теме, а два квадрати се менуваат во триаголници.
Може да се конструираат и геометриски варијации со неправилни лица.
Некои неправилни пентаедри со шест темиња може да се наречат клинови.
Неправилен пентаедар може да биде неконвексно тело: на пример неконвексен (рамнински) четириаголник (како што е делтоид) како основа на телото и точка што не лежи на основната рамнина како врв.