Теме (геометрија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Теме — точка каде што се среќаваат две или повеќе криви, прави или рабови. Како последица на оваа дефиниција, точката каде што две прави се спојуваат за да формираат агол и ќошовите на многуаголниците и полиедрите се темиња. Вообичаено темињата се обележуваат со латинични букви како на пр. , , , .[1][2][3] Кај рамнокракиот триаголник, пирамидата и конусот се јавува посебен случај на теме кое се нарекува врв.