![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/4b/Angle_std.svg/langmk-640px-Angle_std.svg.png&w=640&q=50)
Агол
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во елементарната геометрија, аголот е еден од најосновните поими. Агли се цртаат во дводимензионален простор, односно во рамнина.
- Агол се формира од две полуправи со заедничка почетна точка. На тој начин рамнината е поделена на два дела. Едниот дел на рамнината се вика внатрешност на аголот, а другиот дел се вика надворешност на аголот. За да се означи внатрешноста на аголот, се пишува кружен лак помеѓу полуправите со кои е определен аголот.[1]
- Заедничката почетна точка на полуправите се нарекува теме на аголот.
- Полуправите се нарекуваат краци на аголот.
- За еден агол велиме дека е конвексен, ако секоја отсечка чии крајни точки се на краците до аголот, лежи во тој агол.[2]
- За ознака на агол најчесто се користи мала буква од грчката алфабета како
итн.
- Понекогаш агол може да се дефинира како рамнинска форма составена од две полуправи и теме заедно со неговата внатрешност, т.е. со сите точки „внатре“ во аголoт, т.е. сите точки помеѓу полуправите каде што е лакот на аголот.[3] [4]
- Агол може да се дефинира како ротација, односно како количество на ротација околу темето кое е потребно за едната полуправа да се поклопи со друга полуправа, следејќи го лакот.
Поврзано: Видови агли
Двете дефиниции за агол го имаат своето место во сфаќањето на поимот агол (види подолу).[5]