Општина Пробиштип
општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Општина Пробиштип — општина во североисточна Македонија. Позната е по рудникот „Злетово“ и рударско-преработувачката индустрија (батерии исл.). Во 2004 година на општината и беше припоена општината Злетово, која впрочем беше дел од Општина Пробиштип до 1996 година. Градоначалник на општината е Тони Тоневски. Општината Пробиштип се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија, во средиштето на Кратовско-Злетовската вулканска и рудна област, во подножјето на Осоговските планини и течението на Злетовска Река. Вкупниот број на жители на општината изнесува околу 16.500, од кои околу 10.000 жители живеат во градот Пробиштип, а останатите во 36-те населби од просторот, кој го носи историско-географското име Злетовска област. Пробиштип, кој го носи епитетот, град на рударите, настанал по завршувањето на Втората светска војна и создавањето на современата слободна македонска држава во состав на тогашната федерална заедница Југославија. Градот се роди и растеше паралелно со развојот и растежот на Рудниците за олово и цинк „Злетово“. Од почетниот период на оформување на малата населба, преку периодот помеѓу 1950 и 1955 година, кога се изградува и плански поставената, а за тоа време и модерно урбанизираната т.н. „рударска колонија“.
Општина Пробиштип | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Регион | Источен | ||
Година кога е основана | 1913 (во рамки на Кралство Србија) | ||
Седиште | Пробиштип | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Драган Анастасов | ||
Површина | |||
• Вкупна | 325,57 км2 (125,70 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 13.417 | ||
• Густина | 41/км2 (110/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +032 | ||
Регистарски таблички | PS | ||
Мреж. место | probistip.gov.mk |
Времето потоа, кога урбанизираната рударска населба полека но сигуно, прераснува во мал, но модерен и современ град, со целосно функционално поставена инфраструктура и значајна економска моќ и стопански развој. Пробиштип во својот максимален дострел, во времето на севкупната експанзија и големи успеси, му овозможи како град и општина да биде најбогат во Македонија, а главен носител на успешниот стопански развој, беа Рудниците „Злетово“ и фабриката за акумулатори „Злетово“.
Средината на осумдесеттите години, за жал беше периодот кога се појавија првите почетоци на криза во работењето, раководењето и производните постигања во Рудниците „Злетово“, а неколку години потоа и во Фабриката за акумулатори. Сеопштата криза во општината Пробиштип кулминираше во перидот на транзиција, времето на себенаоѓањето и опстојувањето на Република Македонија како самостојна и независна држава, криза која му се заканува на Пробиштип и на неговото понатомошно опстојување како град и општина.
Токму поради тоа и почетокот на изградбата на повеќенаменскиот регионален хидросистем „Злетовица“ и сите позитивни трендови на сеопшт развој, кои непосредно или посредно ги отвораат активностите околу изградбата на сите објекти на Хидросистемот, ги враќа надежите на граѓаните на општина Пробиштип, како почеток на остварување на желбата и надежта за поубава и посреќна иднина.
Градот Пробиштип лежи на просечна надморска височина околу 600 метри (Лесново, 950 м) лежи длабоко истакнат на осоговските планини како орловско гнездо
Седиште на општината е градот Пробиштип.
Општина Пробиштип брои 16 193 жители од кои[2][3]
Вероисповед | Вкупно |
православни | 16.110 |
муслимани | 49 |
католици | 9 |
протестанти | 4 |
останати | 21 |
Јазик | Вкупно |
македонски | 16.056 |
албански | 0 |
турски | 3 |
ромски | 20 |
влашки | 23 |
српски | 61 |
бошњачки | 0 |
останати | 30 |
Општина Пробиштип зафаќа територија од 325,57 км2 и има густина на населеност од 49,74 жители/km2.
Во состав на општинара влегуваат и 35 села: Бунеш, Бучиште, Гајранци, Горни Стубол, Горно Барбарево, Гризилевци, Гујновци, Добрево, Долни Стубол, Долно Барбарево, Древено, Дренак, Зарепинци, Зеленград, Злетово, Јамиште, Калниште, Куково, Кундино, Лезово, Лесново, Марчино, Неокази, Пестришино, Петршино, Пишица, Плешeнци, Пуздерци, Ратавица, Стрисовци, Стрмош, Трипатанци, Трооло, Турско Рудари и Шталковица.
Градоначалник на општина Пробиштип е Драган Анастасов од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Пробиштип е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
ФК Рудар (Пробиштип), оформен 1947 година. Има играно во 1 МФЛ (Прва македонска фудбалска лига).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.