Горно Барбарево
село во Општина Пробиштип From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Пробиштип From Wikipedia, the free encyclopedia
Горно Барбарево — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Горно Барбарево | |
Поглед на селото Горно Барбарево | |
Координати 41°59′36.96″N 22°04′13.08″E | |
Регион | Источен |
Општина | Пробиштип |
Население | 15 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2210 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 21005 |
Надм. вис. | 630 м |
Горно Барбарево на општинската карта Атарот на Горно Барбарево во рамките на општината | |
Горно Барбарево на Ризницата |
Селото се наоѓа во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Пробиштип, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кратово.[2] Селото е ридско. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 14 километри.[2]
До селото се стигнува преку регионалниот пат 1205, преку исклучување во самиот град Пробиштип, а потоа патот продолжува преку селата Плешенци, Долни и Горни Стубол.
Селото е сместено во подножјето на планината Црни Врв. Во негова непосредна околина е некогашниот Секулички Превој, преку кој во минатото минувал караванскиот пат Стоби-Пауталија, односно денешен Ќустендил.
Соседно, а и најблиско село е селото Долно Барбарево. Потоа други соседни села се: Горни Стубол од север, Долни Стубол од исток и Строиманци од запад.
Подрачјето на Горно Барбарево е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Грамада во неговата околина.[3]
Според народното предание селото Горно Барбарево е многу старо село. Тоа во минатото било едно село со Долно Барбарево, но потоа се поделиле.
Народното предание Барбарево го смета за многу старо село. Дека во неговиот простор постоела населба уште во многу далечпото минато сведочи фактот што на конусниот рид Градиште се сочувани остатоци од старовремската тврдина, за која А. Керамидчиев смета дека потекнува уште од времето на Римјаните. Карактеристично е името на ова село, кое несомнено потекнува од грчкиот збор „варварис“ од што може да се заклучи дека го основале Варвари, односно Словени, (како што Византијците ги нарекувале) при своето доселување во оваа област. Преданието вели дека во средниот век Барбарево се наоѓало во месноста Селиште и дека тогаш неговите жители биле мадемџии (рудари) и работеле во рудниците на преседлината Џгури. На денешното место тоа било преместено за време на некое безредие (веројатно за време на Карпошовото востание). И по преместувањето на селото барбаревци не било претворени во чифчии, туку останале раети — мадемџии и доганџии.
Атарот на селото има средна големина и зафаќа простор од 15,2 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 752,5 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 511,2 хектари, а на шумите 116,4 хектари.[2]
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Барбарево (Горно и Долно) живееле 780 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Барбарево (Горно и Долно) имало 848 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500Македонци.[6]
Во 1961 година селото броело 343 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 49 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Горно Барбарево живееле 37 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, од кои 13 Македонци и 2 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 780 | 848 | 303 | 335 | 343 | 284 | 120 | 62 | 49 | 37 | 15 |
Горно Барбарево е македонско село.[13]
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
Кон крајот на XIX век, Горно Барбарево било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Немањици, во која покрај селото Горно Барбарево, се наоѓале и селата Арбасанци, Долно Барбарево, Макреш, Мечкуевци, Немањици, Орел, Патетино, Равници и Стануловци. Некогашната општина Немањици постоела и во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Горно Барбарево, Долно Барбарево, Макреш, Немањици и Орел.
Во селото постои избирачкото место бр. 1562 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 18 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 21 гласач.[16]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.