село во Леринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Нови Град (грчки: Βέγορα, Вегора; до 1926 г. Νεογράδ, Неоград[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 463 жители (2011).
Нови Град Βέγορα | |
---|---|
Координати: 40°40.49′N 21°42.53′E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Суровичево |
Општ. единица | Чалџиево |
Надм. вис. | м | 550
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 463 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селото е сместено 6 км северно од Чалџиево и 4 км југоисточно од градот Суровичево во котлината Сариѓол. Селото било на југозападниот брег на Островското Езеро, но денес езерото е повлечено на север.
Во минатото селото било населено исклучиво со Македонци, кои насила биле истиснати од Турци, па Нови Град станало турска населба.[3] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Новиград (Novigrad) било село Џумалиската каза со 20 домаќинства и 38 жители муслимани.[4]
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Нови Град:
„ | На половина час од гореспоменатото село [Елевиш], во планинска месност се наоѓа селото Новоград со 60 муслимански куќи. Данокот им е 8.200 пијастри. Жителите се занимаваат со земјоделство и сточарство. Почвата на ова село произведува особена сорта на кромид.[5] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Нови Град (Нови Градъ) имал 500 жители Турци и 70 Роми.[6] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни Нови Град се состоел од 200 турски куќи.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Новиград се води како чисто турско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 160 куќи.[7]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 773 жители, кои во 1920 г. станале 800.[3] Во 1920-тите населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место власта довела грчки колонисти од Понд. Во 1926 г. селото е преименувано во Вегора.[8] Во 1928 г. Нови Град било чисто дојденско село со 308 жители од 89 семејства.[9]
Во 1940 г. селото имало 531 жител и продолжило да расте сè до 1960-тите, кога почнало да се намалува поради иселувања во градовите.[3]
Според истражување од 1993 г. селото е чисто дојденско, во кое „понтскиот грчки“ е зачуван на средно ниво.[10]
На крајот од 1980-тите жителите на Нови Град се впуштиле во земјиштен спор со жителите на соседното македонско село Пателе. Двете страни полагале сопственост врз 310 хектари новопојавено земјиште кое се ослободило со повлекувањето на Островското Езеро. Грчките жители на Нови Град веќе го сееле и орале земјиштето, додека пак оние на Пателе останале без разрешница. Кога во 1992 г. жителите на Пателе се обратиле кон управникот на Леринскиот округ, Пападопулос, за образложение зошто не им се дава земјата која им припаѓа, Пападопулос им одговорил:
„ | Зошто тие се Понтијци, а вие сте Циганоскопјани.[11] | “ |
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 531 | 553 | 601 | 442 | 469 | 573 | 479 | 463 |
Главни производи на Нови Град се тутунот, грозјето и житото, а делумно е застапено и сточарството.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.