Ниш
град во Јужна Србија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ниш е градска населба и седиште на истоимената територијална единица во Србија. Тој е административен центар на Нишавскиот округ и најголемиот град во јужна и источна Србија. Според пописот од 2022 година имало 182.797 жители, така што Ниш е трет најнаселен град во Србија (по Белград и Нови Сад). Сместен е на реката Нишава, недалеку од нејзината утока во Јужна Морава. Градот Ниш зафаќа површина од околу 596,732, вклучувајќи ги Нишка Бања и 68 приградски населби.
Niš Ниш | |||
---|---|---|---|
Град | |||
Знаменитостите во Ниш | |||
Координати: 43°19′09″N 21°53′46″E | |||
Држава | Србија | ||
Округ | Нишавски | ||
Општини | 5 | ||
Основан | 2 век | ||
Независност од Отоманците | 11 јануари 1878 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Драгана Сотировски | ||
Површина | |||
• Општина | 597 км2 (231 ми2) | ||
Надм. вис. | &10000000000000195000000195 м | ||
Население (2011) | |||
• Општина | 260,237 | ||
• Густина | 435,9/км2 (11,290/ми2) | ||
• Град | 187,544 | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски број | 18000 | ||
Повик. бр. | (+381) 18 | ||
Таблици | NI | ||
Мреж. место | www.ni.rs |
Ниш бил административен, воен и трговски центар во различни држави и империи на кои им припаѓал во текот на својата долга историја. Римските императори Константин Велики и Констанциј III се родени на просторот на денешен Ниш, во античкиот град Наис.[1] Географската положба на Ниш го направила стратешки важен, а со тоа и атрактивен град за многу напаѓачи. Во текот на историјата низ територијата на која се наоѓа денешниот град минале Дарданците, Тракијците, Илирите, Келтите, Римјаните, Хуните, Аварите, а потоа Византијците, Србите, Бугарите и Османлиите. Во неколку наврати, градот бил окупиран од Унгарци и Австријци. Градот бил слободен од Турците во 1878 година и оттогаш повторно е дел од Србија, со кратки прекини за време на Првата и Втората светска војна, кога бил под окупација. Влијанието на различните народи кои живееле на територијата на денешниот град Ниш се гледа во културното наследство на градот, пред се во неговата архитектонска различност.
Сообраќајната инфраструктура на територијата на Ниш го прави крстопат на копнениот и воздушниот сообраќај на Балканот, (особено поради интензивниот сообраќај кон Турција и Грција ) и поради тоа што меѓународниот аеродром Константин Велики се наоѓа на територијата на Ниш. Тој е важен економски, универзитетски, културен, верски и политички центар на Србија. Нишкиот универзитет, основан во 1965 година, има 14 факултети и околу 30.000 студенти, а градот е и седиште на Нишката епархија на Српската православна црква. Административно е поделена на пет градски општини: Медијана, Палилула, Пантелеј, Црвен Крст и Нишка Бања.