Национален олимписки комитет
From Wikipedia, the free encyclopedia
Националните олимписки комитети (НОК) се претставници на светското олимписко движење во поединечни земји. Подлежат на контрола од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и се одговорни за организирање на учеството на нивната земја во Олимписките игри. Кога се врши избор за град-домаќин комитетите можат да предлагаат градови во рамките на своите земји. НОК воедно го промовираат развојот на спортистите и обуката на тренерите и службениците во нивната земја.
Олимпискиот комитет задолжен за Република Македонија е Македонскиот олимписки комитет
Постојат 204 национални олимписки комитети,[1] кои претставуваат суверени држави и разни територии. 192 од 193-те земји членки на ООН имаат свој НОК (со исклучок на Јужен Судан, кој ја стекнал својата независност на 9 јули 2011, па затоа сè уште нема свој НОК).[2] Комитети имаат и уште 12 територии:
- Тајван, во МОК се води како „Кинески Тајпеј“
- Палестинска Самоуправа, во МОК се води како „Палестина“
- Четири територии на САД: Американска Самоа, Гуам, Порторико и Американските Девствени Острови (во МОК се водат само под „Девствени Острови“)
- Три британски прекуморски територии: Bermuda, Британските Девствени Острови и Кајманските Острови
- Едена територија на Кралството Холандија на Карибите: Аруба. Холандските Антили го загубиле статусот во јули 2011 поради нивното распуштање во 2010.[3][4]
- Хонгконг, специјален административен регион на НР Кина
- Кукови Острови, придружна држава на Нов Зеланд
Сите НОК-ови се членки на Здружението на националните олимписки комитети (ЗНОК или ANOC), кое е поделено на пет континентални здруженија:
Континенти | Здружение | Бр. на НОК-ови | Најстар НОК | Најнов НОК | |
---|---|---|---|---|---|
Африка |
Здружение на националните олимписки комитети на Африка | 53 | Египет (1910) | Еритреја (1999) | |
Америка |
Панамериканска спортска организација | 41 | САД (1894) | Доминика (1993) Света Луција (1993) Свети Кристофер и Невис (1993) | |
Азија |
Олимписки совет на Азија | 44[5] | Јапонија (1912) | Тимор-Лесте (2003) | |
Европа |
Европски олимписки комитети | 49 | Франција (1894) | Црна Гора (2007) | |
Океанија |
Национални олимписки комитети на Океанија | 17 | Австралија (1895) | Тувалу (2007) |