археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Маркулија („Маркова Кула“) или Меркулија — тврдина-крајпатна стража и градиште 1 км североисточно од селото Арангел и исто толку далеку од Србица, обете во Кичевско. Претставува истурена планинска гранка што завршува со заоблена чука 100 м високо над источниот раб на долината (872 м н.м.). Визуелно е поврзана со Кичево 10,5 км на југозапад. Стариот пат Кичево — Гостивар поминувал крај ридот и 7 км северно оттука го достигал планинскиот премин Кафа. Таму лежат и старите рудници на железо, додека рудниците на јаглен (површински копови) лежат 3 км јужно од Маркулија, во атарот на Осломеј.[1]
„Маркулија“ | |
План на Маркулија | |
Местоположба | 41°35′40″N 21°01′27″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Арангел |
Општина | Кичево |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Во доцноантичко време на врвот од чуката било изградено обѕидие со малтер, што затворало простор од 1,4 ха. Наоди: доцноантичка грнчарија, монети од доцниот IV и VI век. Во долината 1 км јужно од Маркулија, на потегот „Манастириште” и „Меѓа”, лежат остатоци од истовремена населба со ранохристијанска црква. Кастелот на Маркулија ја штител оваа рударска населба и го надгледувал преминот меѓу провинциите Нов Епир и Превалитана.
Во средишниот дел на тврдината регистрирани се парчиња од словенски црепни, ситни предмети исковани од железо и врвови од стрели за пробивање панцир, потоа една бронзена апликација — тамга (протобугарска, IX—X век). На обѕидието нема траги од обновувања.
На Маркулија веројатно само повремено постоела стража низ кризните години, којашто го контролирала важниот пат од Охрид преку Кичево кон Полошко и кон Скопје на север.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.