Осломеј
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
Осломеј — мало село во областа Горно Кичево, во Општина Кичево, сместено во околината на градот Кичево. Осломеј се смета за родно место на македонскиот преродбеник Јоаким Крчовски.
Осломеј | |
Куќи во селото | |
Координати 41°34′37″N 21°0′0″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Кичево |
Област | Горно Кичево |
Население | 21 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 6254 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 12051 |
Надм. вис. | 661 м |
Слава | Мала Богородица |
Осломеј на општинската карта Атарот на Осломеј во рамките на општината | |
Осломеј на Ризницата |
До 2013 година, селото претставувало административно средиште на поранешната истоимена општина. Селото е сместено во непосредна близина на РЕК „Осломеј“.
Селото се наоѓа во областа Горно Кичево, сместено во Кичевската Котлина, во северниот дел на подрачјето на Општина Кичево, североисточно од градот Кичево на оддалеченост од шест километри.[2] Селото лежи на надморска височина од 700 метри.[2]
Ова мало македонско село се наоѓа на југоисточната падина на возвишението Вардино (950 метри). Околни села се: Црвивци на југозапад и Жубрино на североисток.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Малев Дол, Камен, Два Камена, Попова Нива, Чукле, Скакала, Широка Ледина, Гоедарица, Река, Солена Земја, Задсело, Кошариште, Ничеј Дрење, Куќиште, Стар Јасак, Клаѓе, Кобел, Требеница, Диви Ливади, Ѓуч, Малезанов Рид, Ајатиште, Поле и Винарски Даб.[3]
Селото има збиен тип. Не е поделено на маала, бидејќи е мало и доста едноставно. Сепак роднинските куќи се поблизу една со друга и се групирани.[3]
Во близина на селото поминува реката Темница.
Во Осломеј и околу него се наоѓаат различни старини, кои покажуваат дека во него имало жители уште во минатото. На месноста Ајатиште, кое се наоѓа 400 метри југоисточно од селото, по народната традиција се наоѓала населба која била нарекувана „Ајат град“. На големи површини селаните откривале остатоци од ѕидови и поединечни гробови. Населбата на Ајатиште веројатно во римскиот период била управен центар за овој дел од Кичевската Котлина и поседувала убави градби.[3]
Денешното село не е стара населба. Било основан во втората половина на XVIII век, кога прво се населиле предците на денешниот род Кузмановци. Потоа се доселиле и останатите родови.[3]
Во средината на XIX век, во селото бил основан чифлиг на Ѓул-ага од Кичево. Неговата земја се наоѓала источно од селото. Земјата била обработувана од некои жители на Осломеј. Пред крајот на отоманскиот период, земјата ја купиле муслимани од соседното село Србица.[3]
Во XIX век, Осломеј било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
Во отоманскиот период, поради близината на двете арбанашки села, селото страдало од некои муслимани. Тие ги присвоиле нивите, пасиштата и убивале селани. Во тоа особено се истакнувале Арбанасите од Црвивци. Пред крајот на отоманскиот период тие се обиделе и да се населат во Осломеј, кога за кратко време убиле пет домаќини во ова село.[3]
Во поновата историја, првиот ракетен напад на ОНА бил извршен на 18 јануари 2001 година врз полициската станица во селото Осломеј, Кичевско, што е почеток на воениот конфликт во Македонија.[4]
Атарот зафаќа простор од 4,1 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 214 хектари, на пасиштата отпаѓаат 134 хектари, а на шумите 107 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]
Во непосредна близина се наоѓа РЕК „Осломеј“ со неговиот рудник и термоцентрала, кои влијаеле на околината на селото, а населението е вработено таму.[5]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година, селото имало 16 домаќинства со 44 жители христијани.[6]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 192 жители, сите Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Осломеј имало 240 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Осломеј се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 3 куќи.[9]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[10]
Селото е мало, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото броело 201 жител, а во 1994 година 57 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Осломеј живееле 40 жители, сите Македонци.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 21 жител, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 192 | 240 | 226 | 239 | 201 | 118 | 102 | 58 | 57 | 40 | 21 |
Осломеј е чисто македонско православно село, зачувано помеѓу муслимански села. Сите родови во селото се доселенички.[3]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се: Кузмановци (2 к.), доселени се од некое село во Дебарско, во почетокот на ХVIII век, од овој род потекнува познатиот преродбеник Јоаким Крчовски, го знаат следното родословие: Блаже (жив на 42 г. во 1961 година) Крсте-Цветан-Ѓино-Кузман; Велковци (6 к.), доселени се од соседното торбешко село Долно Строгомиште, доселени се после родот Кузмановци, кои најпрвин направиле куќа на Куќиште на возвишението Вардино, каде нивниот предок Стојан Малезан чувал над 400 овци. Но, кога почнале да доаѓаат муслиманските сточари ја срушиле својата куќа и се преселиле во Осломеј; Николовци (4 к.), доселени се од некое село во Охридско, доселени се одма после родот Велковци; Момковци (4 к.) и тие се доселени од некое село во Охридско, го знаат следното родословие: Трајан (жив на 75 г. во 1961 година) Софе-Димо-Момко кој се доселил, наведените предци Софе и Димо биле убиени од страна на Албанците од соседното село Црвивци; Цветковци (6 к.), Ѓурчиновци (3 к.) и Порталовци (1 к.) се доселеници од непознато место, основачот на родот Порталовци го чувал влезот на Кичевската тврдина и по тоа го добиле името и Анѓелевци (3 к.), доселени се од кичевското село Раштани.
Според истражувањата, пак, на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[16] Малезовци (2 к.) и Портаровци (1 к.), староседелци; Момковци (2 к.), доселени се од Охридско; Велковци (8 к.), доселени се од местото Куќиште поради зулум; Анѓелевци (2 к.), доселени се од селото Раштани; Николовци (5 к.), доселени се од Охридско; Мицковци (1 к.), доселени се од местото Куќиште; Крнаковци (2 к.), доселени се од селото Кнежино и Огненовци (8 к.), доселени се од околината на Призрен на Косово.
Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото било седиште на некогашната Општина Осломеј.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Осломеј, во која покрај селото Осломеј, се наоѓале и селата Арангел, Гарани, Жубрино, Лазаровци, Мамудовци, Ново Село, Премка, Србица, Стрелци, Црвивци и Шутово. Општината Осломеј постоела и во периодот 1950-1952, кога влегувале селата Жубрино, Осломеј и Црвивци.
Во селото постои избирачкото место бр. 789 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.[18]
По Втората светска војна се иселиле најмалку 10 семејства, најмногу во Кичево, Староец и Тетово.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.