Раштани (Кичевско)
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
Раштани — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Раштани | |
Координати 41°32′21″N 20°56′31″E | |
Општина | Кичево |
Население | 236 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 6260 |
Шифра на КО | 12062, 12562 |
Надм. вис. | 750 м |
Раштани на општинската карта Атарот на Раштани во рамките на општината | |
Раштани на Ризницата |
Селото Раштани се наоѓа на 3 километри северозападно од Градот Кичево на 750 м.н.в. Селото се наоѓа на езерска тераса, остаток од некогашно езеро. Над селото се наоѓа шума (забран), а пониско од селото и околу него, обработлива земјоделска површина.
Со градот Кичево е поврзано со локален асфалтен пат, додека атарот го сечат магистралниот автопат Скопје - Охрид, железничката пруга Кичево - Скопје и Зајашка Река на крајниот источен дел. Селото е ридско од збиен тип чиј атар зафаќа површина од 0,7 км2. Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Илков Камен, Бела Вода, Сина Вода, Дивиње, Карамојца, Врбје, Ливаѓе, Плавеница, Чука, Пашенимеѓи, Речиште, Брест, Смрекине, Капиница, Изеро Нива, Лазорине, Киска Даб, Камче, Марков Камен. Извори на вода (чешми): Сина Вода, Бела Вода, Врбје, Ела.
Климата е топла континентална.Просечната температура изнесува 10,7 С. Најстуден месец е јануари (-0,1С),а најтопол јули (20,6С). Зимите се благи,а летата топли. Врнежите припаѓаат кон средоземниот плувиометриски режим,односно најголем дел од врнежите паѓаат во ладниот период а најмалку во топлиот. Најголемиот врв врнежите го достигнуваат во месец ноември,а најнискиот во месеците јули, август и септември кога се појавува суша. Просечна сума врнежи изнесува 780 mm.[2]
Потеклото и историјата на селото Раштани е недоволно позната.
Селото за првпат се споменува под името Хрштани помеѓу 1342 и 1346 година за време на средновековното Српско царство, кога царот Стефан Душан го става под управа на манастирот св.Богородица од Тетово. Според името може да се заклучи дека селото е формирано од Словените. Самото име Храштани укажува на храстово дрво (даб). Подоцна се спомнува како Раштани во состав на Кичевската нахија во еден турски пописен документ "tapu tahir defter" кој датира од средината на XV век (1476/77). Во него е наведено дека селото имало 19 куќи.[3] Според антропологот Јован Трифуноски во времето на турското владеење постоеле три села со име Раштани во Западна Македонија. Првото село било во областа Дебрца (помеѓу Злести и Ботун), второто во близина на Кичево (старо село со име Храштани) и третото југозападно од Струга (во денешна Албанија). Селото Раштани во областа Дебарца било старо населено со православно македонско население. Имало црква посветена на Мала Богородица. На тоа место е пронајдена плоча на која е испишана годината 1450. Денес се чува во Охридскиот музеј. Поради убиство на некој турчин селаните биле присилени на иселување кои подоцна се населиле во селото Храштани.Со самото доселување е основано денешно Раштани.[4]
Според еден исказ од селаните забележан од етнографот Томо Смиљанич - Брадина, селаните во тој период се опишани како непокорливи и храбри луѓе.[5]
За време на Кралството Југославија во состав на тогашниот Срез Кичевски постоела "Општина Раштанска" со седиште во истоименото село. Во нејзин состав биле вклучени и селата: Осој, Кнежино,Зајас, Длапкин Дол, Лешница. Според пописот од 1921 година во општината живееле 1914 жители, од кои православни христијани 797 и 1117 муслимани.[6] Според пописот од 1931 година општината имала 365 куќи со 414 домаќинства и 2250 жители[7].
Конфигурацијата на теренот, етничкиот состав на наелението од околните села и блискоста на воената касарна биле пресудни за неповолноста за одвивање на воени дејствија. За време Втората светска војна, селото било неколкупати ограбувано. Во тоа време е запалена куќата на Максим Трпески која била една од најбогатите и една од најубавите во селото. Подоцна во борбите за ослободување на Кичево една од пожестоките битки се одиграла во месностите викани „Кошарани“ и „Брестoн“. Во месноста викана „Дренчено“ загинале тројца партизани при што се погребани на селските гробишта. Во нивна чест селаните им подигнале споменик.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоци од 1873 година, селото имало 12 домаќинства со 38 жители христијани (Македонци).[8]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 288 жители, Македонци христијани.[9] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Раштани имало 280 Македонци.[10]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Раштани се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[11]
Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев[12] во 1909 година, селото имало 41 куќа и 167 жители сите православни.
Домаќинства | Гурбетчии | Писмени | Неписмени | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
мажи | жени | вкупно | мажи | жени | вкупно | ||
41 | 39 | 41 | 9 | 50 | 69 | 108 | 117 |
Според спроведениот попис на население во Кралството Југославија од 1921 година селото имало 45 куќи и 274 жители сите христијани. За време на испитувањата кои ги вршел Томо Смиљаниќ во 1926 година, од вкупно 45 домаќинства тој испитал 42 и утврдил дека 12 домаќинства се староседелци, 27 доселени и 3 со непознато потекло.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[13]
Според антропологот Јован Трифуновски, селото во периодот 1961/65 имало 63 македонски православни домаќинства.[3]
И покрај спроведената електрификацијата на селото во 60-те години, индустриската револуција и политиката која тогаш во СФР Југославија се спроведувала населението од селото масовно се иселува, па така денеска живеат само неколку жители. Најголем дел од нив се населени во непосредна близина на селото на свои имања. Така настанува денешната населба Раштански Пат (види подолу).
Според последниот попис од 2021 година, во населбата живееле 236 жители, од кои 133 Македонци, 69 Албанци, 27 Роми, 4 Срби и 3 лица без податоци.[14]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 288 | 280 | 355 | 409 | 353 | 237 | 396 | 573 | 753 | 1.063 | 236 |
Раштани е македонско село населено со чисто православно население.
Староседелци
Коруновци, Јовановци (Миновци).
Доселеници
Од раселеното село Раштани (кое некогаш постоело помеѓу Ботун и Злести) се доселиле Јолевци (7к слава Св.Аранѓел ) и Калевци (Ламовци)
Длапкин Дол: Тумбаревци (1к), Ѓоковци (2к),Тинговци (2к.,слава Митровден), Ѓорѓиовци (2к слава Митровден)
Требичово: Лазевци (5к слава Св. Аранѓел)
Црвивци: Пршевци (2к слава Св.Никола)
Рабетинска Река: Софевци (1к слава Св.Никола) и Јаневци (2к слава Св.Никола)[4][5]
Куќите во селото се групирани семејно, односно како се ширело семејството така се градела по една нова куќа на целокупниот имот. Денес во селото постојат повеќе такви маала како Јолеско, Пршеско, Пуреско итн.
Селото е поделено на 2 крста.
Главно занимање било земјоделството. Се засадувало пченица, рж, тутун. Се одгледувало добиток (овци, кози, крави, волови), но имало и родови кои се занимавале со занает меѓу кои пекари (Трпевци), качари, самарџии (Тинговци). Многу од селаните заминувале на печалба најчесто во Белград.[3]
Раштански Пат е најсеверната населба на Градот Кичево. Населението го сочинуваат претежно жители кои се отселиле од селото Раштани, но и од други поблиски и подалечни села што може јасно да се заклучи од подолу приложената табела. Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, во населбата живееле 236 жители.[19]
Следува табела на народносната структура на населението
Народност | Вкупно |
Македонци | 133 |
Албанци | 69 |
Турци | 0 |
Роми | 27 |
Власи | 0 |
Срби | 4 |
Бошњаци | 0 |
Други | 3 |
Вкупно | 236 |
Во селото постои избирачкото место бр. 756 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селскиот дом .[20]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[21]
Во атарот на селото се наоѓаат два археолошки наоѓалишта од среден век. Тоа се Сина Вода и Дреновска Нива.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.