Македонци во Грција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Грчките Македонци се граѓаните на Република Грција кои имаат македонска национална свест или Македонците кои водат потекло од територијата на денешна Грција. Најголем дел од Македонците во Грција живеат или потекнуваат од Егејска Македонија (тие се познати како егејски Македонци или Егејци) и има други македонски емигранти во другите делови на грчката република. Тие не се официјално признато етничко малцинство во Грција. Според тврдењата дадени од Виножито, единствената политичка организација на Македонците во Грција, денес во државата има околу 400.000 - 1.000.000 Македонци.[1][7]
| |||||||||||||||
Вкупен број | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
>500.000 | |||||||||||||||
Подрачја со значајно население | |||||||||||||||
Грција | 250.000 - 1.000.000[1] | ||||||||||||||
Македонија | 70.000[2] | ||||||||||||||
Австралија | 90.000 | ||||||||||||||
Канада | 26.000[3] | ||||||||||||||
САД | [4] | ||||||||||||||
Романија | 9.052[5] | ||||||||||||||
Србија | 7.500 | ||||||||||||||
Полска | 11.458[5] | ||||||||||||||
Чешка | 11.623[5] | ||||||||||||||
Албанија | 10.000[6] | ||||||||||||||
Унгарија | 7.253[5] | ||||||||||||||
Русија | 11.980[5] | ||||||||||||||
Јазици | |||||||||||||||
македонски и грчки | |||||||||||||||
Вероисповед | |||||||||||||||
православие; католицизам | |||||||||||||||
Сродни народи | |||||||||||||||
Македонци Јужни Словени |
Во ноември 1919 година, Грција и Бугарија потпишаа конвенција за иселување на населението што живееше во двете држави и 86.571 Македонци и Бугари беа принудени да заминат од Грција во Бугарија. Исто така, како последица на Грчката граѓанска војна се случи егзодусот на Македонците од Грција.
Најголемиот дел од егејските Македонци кои живеат денес во Република Македонија водат потекло од Леринско, Воденско, Костурско, Кајларско и др.