From Wikipedia, the free encyclopedia
Павле Филипов или Павлос Воскопулос (р. Лерин, Егејска Македонија на 25 ноември 1964 ) — политичар во Егејска Македонија и македонски културно-национален деец во Република Грција. Член е на колективното раководство на грчката партија Виножито, чија цел е остварување на основните човекови права на Македонците во егејскиот дел на Македонија.
Павле Воскопулос Παύλος Βοσκόπουλος | ||
Роден | 25 ноември 1964
) Лерин, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Занимање | македонски национален активист и член на Виножито |
По студиите по архитектура на Белградскиот универзитет, има приватен бизнис во Лерин, а пред 6 години е вработен во Леринската префектура. Член-основач е на Македонското движење за балкански просперитет, член на Политичкиот секретаријат на Европската слободна алијанса „Виножито“ и член на Домот на македонската култура во Лерин. Со тројца членови на Централниот совет на „Виножито“ се обвинети за „поттикнување насилство“ и „нарушување на мирот“ во 1995 поради поставувањето двојазичен натпис на македонски и на грчки пред нивните канцеларии во Лерин со името на партијата, но во 1998 се ослободени од сите обвинувања. Го води зачленувањето на Партијата „Виножито“ до полноправен член на Европската слободна алијанса – Европска политичка партија (EFA – EPP) и на Федералната унија на европските малцинства (FUEN). Преку настапи во земјата и на меѓународни форуми се бори за подобрување на статусот на Македонците во Егејска Македонија и Македонското малцинство во Грција.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.