Маглина
астрономски објект / From Wikipedia, the free encyclopedia
Маглина (или небула, од лат. nebula = „облак“); — меѓуѕвезден облак од прашина, водороден гас, хелиум и јонизирани гасови. Originally, маглина бил општ назив за секој раширен астрономски објект, вклучувајќи галаксии подалеку од Млечниот Пат (на пример, галаксијата Андромеда се нарекувала „маглина Андромеда“ пред Едвин Хабл да ги открие галаксиите). Маглините честопати обликуваат ѕвездообразбени области, како онаа во маглината Орел. Оваа маглина е претставена на една од најпознатите слики на НАСА насловена како „Столбови на настанокот“. Во овие области, прашината нечистотиите и другите материјали се спојуваат и образуваат поголеми маси, кои потоа привлекуваат уште материјал, за потоа да достигнат доволна големина за да станат ѕвезди. Се смета дека преостанатиот материјал образува планети и други објекти од планетерниот систем.