Ласко (пештера)
пештери во југозападна Франција, познати по живописите од старо камено време / From Wikipedia, the free encyclopedia
Пештерата Ласко (француски: Grotte de Lascaux) се наоѓа на југозападот на Франција и позната е по свои полихромни цртежи од времето на подоцнежниот палеолит. Пештерата се наоѓа во близина на местото Монтињак во департманот Дордоња. Вкупна површина на пештерата е околу 120 м². Се смета дека цртежите во пештерата Ласко се стари 17.300 години.[1][2] На цртежите се претставени големи животни, од кои за повеќето може со анализа на фосилите да се потврди дека живееле во овој крај. Тоа се: коњи, бизони, говеда, елени и планински овци, а поретко: мечки, носорози и крупни мачки.
1979 година пештерата Ласко, заедно со други праисториски наоѓалишта во долината на реката Везер, ставена е на списокот на УНЕСКО како Светско наследство.[3] мини|200п|План на пештерата Ласко Се смета дека палеолитските луѓе во пештерите вршеле магиски ритуали. Последните години претставена е теоријата дека цртежите во пештерите Ласко претставуваат праисториски слики на созведијата.[4]