![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/47/Vezere01.jpg/640px-Vezere01.jpg&w=640&q=50)
Везер (река во Франција)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Везер (француски: Vézère, окситански: Vesera) — река во југозападна Франција со должина од 211 км и сливна површина од 3.736 км2. Тоа е важна притока на реката Дордоња. Извира во северозападниот дел на Централниот Масив во јужна Франција и тече према југозапад низ департманите Корез и Дордоња. Средниот проток на реката Везер е 58,9 м3/с.
Кратки факти Везер, Местоположба ...
Затвори
Долината на реката Везер е позната по своите праисториски пештери со бројни остатоци од хоминиди и палеолитско сликарство. Најпозната од нив е пештерата Ласко. УНЕСКО овие пештери ги сместил на својата список на Светски наследства во 1979 година.