Централен Масив
планинска област во Франција / From Wikipedia, the free encyclopedia
Централен Масив (француски: Massif central, окситански: Massís Central / Massís Centrau) — високо подрачје во средишниот дел на јужна Франција, покриено со планини и висорамнини што образуваат масив. Зафаќа 15% од површината на државата. Највисока планина во масивот е Пиј де Санси (1.886 м).[1]
Кратки факти Централен Масив, Највисока точка ...
Централен Масив | |
---|---|
Massif Central Massís Central | |
Пиј де Дом — највисокиот вулкан | |
Највисока точка | |
Врв | Пиј де Санси |
Надм. височина | 1886 м |
Координати | 45°31′42″N 2°48′51″E |
Географија | |
Земји | Франција |
Покраини | |
Координати | 46°N 3°E |
Затвори
Планините се вулкански но активноста згаснала пред 10.000 години. Одделени се од Алпите со длабок засек во правец север-југ создаден со текот на реката Рона, наречен „ронска бразда“ (sillon rhodanien).
Подрачјето претставувало препрека во тој дел на земјата, оневозможувајќи го сообраќајот од север на југ и обратно сè до изградбата на автопатот A75 на крајот на 2010 г.