Кубен метар во секунда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кубен метар во секунда (м3/с, научно: m3⋅s−1) е изведена SI-единица за проток еднаква на зафатнина од една коцка (или стер) со страна долга еден метар што се движи (минува) во тек од една секунда. Најчесто наоѓа примена за изразување на проточноста на реки и потоци. Во техниката се користат дробни вредности за изразување на воздушниот тек кај греењето, климатизацијата и вентилацијата.