Коцка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Коцката (или правилен хексаедар)[1] геометриско тело ограничено со шест квадратни страни (ѕидови), од кои по три се среќаваат во секое теме. Ова тело претставува посебен вид на квадратна (права) призма или паралелопипед со еднакви страни на рабовите.[2] Коцката е двојствена (дуална) на октаедарот. Има коцкеста симетрија (наречена и октаедрална симетрија). Посебноста на телото се состои во тоа што претставува квадар и ромбоедар.
Повеќе информации Правилен хексаедар ...
Правилен хексаедар | |
---|---|
(вртечки модел) | |
Тип | правилен полиедар |
Елементи | F = 6, E = 12 V = 8 (χ = 2) |
Страни | 6{4} |
Шлефлиев симбол | {4,3} |
Витхофов симбол | 3 | 2 4 |
Коксетер–Динкин | |
Симетрија | Oh, BC3, [4,3], (*432) |
Вртежна група | O, [4,3]+, (432) |
Наводи | U06, C18, W3 |
Својства | правилен испакнат зоноедар |
Диедарски агол | 90° |
4.4.4 (темена фигура) |
Октаедар (дуален полиедар) |
мрежа |
Затвори