Лангевизен
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лангевизен (германски: Langewiesen) — поранешен град и општина во округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на реката Илм, на североисточниот раб од Тириншката Шума, околу 2 километри југоисточно од Илменау.
Лангевизен | |
Место во Илменау | |
Поглед на градот од Книберг | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Илм |
Општина | Илменау |
Место единици | 2 |
Основни податоци | |
Површина | 27,51 км2 |
Надм. височина | 454 м |
Население | 3.057 (31 декември 2018) |
- Густина | 111 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | IK |
Пошт. бр. | 98704 |
Повик. бр. | 03677 |
Портал | www.langewiesen.de |
Координати | 50°40′18″N 10°58′28″E |
Лангевизен е едно од најстарите места во околината и во 1855 година, заедно со Герен и Гросбрајтенбах, добил градски права. Местото низ годините останало релативно мало, но од 1880 година со индустријализацијата се развило со бројни мануфактури и мали фабрики. Од политичките протести во 1990 година, Лангевизен доживеал процес на субурбанизација, поради близината на поголемиот град Илменау и Техничкиот универзитет, чиј кампус се наоѓа на границата. Од 1994 година селото Ереншток припаѓа на Лангевизен.
Од 6 јули 2018 година претставува дел од градот Илменау, каде бил припоен со административната реформа.
Лангевизен се наоѓа во долина на Илм на североисточниот раб од Тириншката Шума. Градот се протега во насока запад-исток во долина на височина од околу 450 метри.
Највисока точка во градското подрачје е 808 метри близу Драјхеренштајн. Покрај Илм, во градското подрачје се наоѓаат и реките Шорте, Шобзе и Ломе.
Голем дел од градското подрачје е шума.
Оваа статија за место во округот Илм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.