From Wikipedia, the free encyclopedia
Куба (шпански: República de Cuba) — најголемата островска земја во групата на Големите Антили. Таа од сите страни е опколена со водите на Атлантскиот Океан на исток, Мексиканскиот Залив на север и Карипското Море на југ. Куба има издолжен облик во правец исток-северозапад долг 1200 км со просечна широчина од 110км. Во овие граници таа зафаќа површина од 110 860 км2. На тој простор денес живеат над 11 милиони жители.
Република Куба República de Cubaf
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Patria o Muerte(шпански) „Татковината или смрт“[1] |
||||||
Химна: La Bayamesa Бајамеза [2] |
||||||
Главен град | Хавана 23°8′N 82°23′W | |||||
Најголем град | главниот град | |||||
Службен јазик | шпански | |||||
Народности | 65,05% Европејци, 10,08% Африканци, 23,84% Мулати[3] | |||||
Демоним | Кубанец | |||||
Уредување | еднопартиска социјалистичка комунистичка држава[4] |
|||||
• | Претседател | Мигел Дијас-Канел | ||||
• | Заменик-претседател | Салвадор Валдес Меса | ||||
Независност | од Шпанија | |||||
• | објавена | 10 октомври 1868 | ||||
• | основана република | 20 мај 1902 од САД |
||||
• | Кубанска револуција | 1 јануари 1959 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 110,861 км2 (105th) | ||||
• | Вода (%) | незначително | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2008 г. | 11.451.652 (2009)[5] (73.) | ||||
• | Попис 2002 | 11.177.743 | ||||
• | Густина | 102 жит/км2 (97.) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $108.2 милијарди[5] (64th) | ||||
• | По жител | $9,500 (107.) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $55.18 милијарди[5] (70) | ||||
• | По жител | $4819 (пресметано) (86.) | ||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.815[6] многу висок · 44та |
|||||
Валута | Кубанско пезо (CUC ) |
|||||
Часовен појас | (UTC-5) | |||||
• | (ЛСВ) | (UTC-4) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .cu | |||||
Повик. бр. | +53 |
Куба има поволна географска положба. Таа преку Флоридскиот Проток најмногу се доближува до САД, преку Јукатанскиот Проток до Мексико, а со протокот Виндвор до Хаити.
Во поглед на релјефот Куба е главно низинска земја. Единствена планина која се издига во јужниот дел е Сиера Маестра. Куба има тропска клима со постојани температури на воздухот од 25°С.
Името „Куба“ потекнува од таинскиот јазик и неговото точно значење не е целосно познато. Називот може да се преведе како „место со изобилна плодна земја“ што на таински би било „кубао“[7] или како „големо место“ („коабана“).[8] Покрај ова тврдење, потои уште едно кое тврди дека кога Кристофер Колумбо пристигнал на островот го именувал според стариот град Куба во Португалија.[9]
Куба е средноамерикански островски архипелаг во Карипското Море и Мекисканскиот Залив. Северозападно од Куба се наоѓаат САД, северно се наоѓаат Бахамите, источно се наоѓа Хаити, јужно се наоѓаат Кајманските Острови и Јамајка додека на запад преку заливот е Мексико. Главниот остров на државата е Куба, но во околината се наоѓаат островските групи: Колорадоски Архипелаг на северозапад, Архипелаг Сабана-Камагвеј на север, Хардинас де ла Реина на југ и Канареоски Архипелаг на југозапад. Главниот остров е претежно низински, но пристутен е и планинскиот масив Сиера Маестра. Вкупната површина на Куба изнесува 110.860 км2 и има население од 11.451.652. Главен град е Хавана, додека службен јазик е шпанскиот јазик.
Климата на Куба е тропска. Општо гледано од ноември до април е сушна сезона во државата, додека од мај до октомври е влажниот период. Средна температура во Куба е 21 степен целзиусов.
Куба станала социјалистичка република со уставот од 1976 година, но тој устав бил заменет со нов во 1992 година кој се заснова на марксистички, ленинистички и идеите на Фридрих Енгелс.[4] Уставот ја карактеризира Комунистичката партија на Куба како „водечка сила на општеството и државата“.[4] Првиот секретар на Комунистичката партија е претседател на државниот совет или наречен претседател на Куба и претседател на советот на министри или порано познат како Премиер на Куба.[10] Членовите на двата совета се избрани од страна на Националното собрание на народната сила.[4] Претседателот на Куба исто така е избран од страна на Собранието за мандат од пет години, но без ограничување при кандидирање.[4]
Врховниот суд на Куба е највисока правна институција во државата. Собранието има капацитет од околу 609 пратеници кои имаат петгодишен мандат.[4] Собранието заседава двапати годинишно. Во Куба забрането е политичка партија да има политички ангажман како собири, митинзи или кандидирање на пратеници, иако Комунистичката партија досега има забележано такви ангажмани.
Куба се дели на 14 покраини и една специјална општина (Исла де ла Хувентуд). Овие се дел од историските покраини: Пинар дел Рио, Хабана, Матансас, Лас Вилас, Камагвеј. Покраините се понатаму се поделени на општини.
Од запад кон исток, покраините на Куба се следниве:
Според пописот од 2002 година, Куба има население од 11.177.743. Етнички гледано, 7.271.926 се белци, 1.126.894 црнци и 2.778.923 мулати.[11] Куба исто така е дом на азиско население каде има околу 1% луѓе со азиско потекло, најмногу со кинеско.
Официјално Куба е атеистичка држава, но на териоријата на државата се практикуваат поголем број религии. Најдоминантна религија во државата е католицизмот[12]
Верници во Куба | ||||
---|---|---|---|---|
Христијани | 59,20 % | |||
Без Религија | 23,00 % | |||
Хиндоисти | 0,20 % | |||
Народна Религија | 17,40 % |
Од полјоделските култури во Куба најмногу се одгледува шеќерна трска, потоа: тутун, кафе, ананас, банани, лимони, портокали и др. По производство на шеќер Куба го зазема првото место во светското производство. Во помали количини се одгледува: пченка, ориз, градинарски производи, овошје и др. Рудното богатство во Куба се состои од големи резерви на железна руда (околу 3,5 милијарди тони), потоа на: бакар, хром, манган, злато, нафта и др. На основа на рудното богатство многу индустриски гранки се во развој. Од нив најразвиени се прехранбената (производство на шеќер во повеќе од 200 фабрики), потоа тутунската, текстилната, хемиската, градежната индустрија и др. Во поново време подигнати се повеќе рафинерии на нафта и др.
Во надворешната трговија Куба извезува: шеќер, кафе, пури, ананас, банани и др. а увезува: машини, автомобили и др.
Во Куба значајна стопанска гранка е туризмот. Пријатната клима и долгите песочни плажи секоја година привлекуваат сè поголем број туристи.
Кубанската култура е доста богата и има силни влијанија од Шпанија и Африка. Спортот е една од најголемите преокупации на народот. Поради поранешната блискост со САД, во Куба се популарни спортови кои се среќаваат во Северна Америка. Најпопуларен спорт е безбол, но доста популарни споротви се и одбојка, кошарка, крикет, атлетика и бокс.
Кубанската музика е доста богата и е еден вид симбол за кубанската култура. Главен елемент во кубанската музика е сон што е основа за голем број музички правци, како: салса, румба и мамбо. Исто така, позната е кубанската ча-ча-ча.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.