Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гвантанамо (шпански: Provincia de Guantánamo) е најисточната покраина на Куба. Нејзин главен град е Гвантанамо. Друг поголем град е Баракоа. Покраината ја заобиколува важната поморската база на САД во заливот Гвантанамо.
Архитектурата и културата на Гвантанамо не е иста како во останатиот дел од Куба. Покраината е само 80 км од Хаити, нејзината најблиска точка преку Виндвардскиот Премин, и доволно блиску за да навечер се видат светлата од светилниците во Хаити. Гвантанамо исто така има и голем број имигранти од Јамајка, што значи дека многу згради се споредливи со оние од Францускиот Кварт на Њу Орлеанс во Луизијана.
Планините Нипе-Сагва-Баракоа доминираат во покраината, притоа делејќи ја климатски и географски. Северниот брег е највлажниот дел од земјата, додека на југ е најтоплиот дел. Северот се одликува со дождовни шуми, додека југот е неплоден и има многу кактуси.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.