Кактуси (науч. Cactaceae) — семејство скриеносеменици, на која припаѓаат околу 1650 видови,[1] кои растат во голем дел на Северна и Јужна Америка, а најразновидни се во Мексико.

Кратки факти Кактуси, Научна класификација ...
Кактуси
Thumb
Разни видови на кактуси
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Каранфиловидни
Семејство: Кактуси
Затвори
Thumb
Кактус одгледуван во ботаничката градина во Сингапур
Thumb
Многу видови кактуси имаат долги и остри боцки.

Опис

Повеќе видови кактуси растат во суви предели (пустини и полупустини). Тие обично имаат дебела зелјести или дрвенеста стебла кои содржат хлорофил. Лисјето обично се формирани со трње или се многу суви, со што се смалува површината со која растението ја губи водата. Обично имаат тенки, разгранети, плитки корења. Цветовите на кактусот често се крупни и со живописни бои, а обично растат поединечно. Кактусите се одгледуваат како украсни растенија, а разни видови се одгледуваат и како храна.

Кактусите како тема во уметноста и во популарната култура

Thumb
Расцветан кактус
  • „Кактус“ — краток расказ на македонската писателка Лилјана Дирјан.[2]
  • „Кактус“ — песна на српскиот поет Васко Попа.[3]
  • „Црвениот кактус“ — книга на бразилската писателка Лижија Фагундес Телес.[4]
  • „Украдениот кактус“ — расказ на чешкиот писател Карел Чапек.[5]
  • „Кактусово дрво“ (англиски: Cactus Tree) — песна на канадската музичарка Џони Мичел (Joni Mitchell) од 1968 година.[6]
  • „Кактус“ (англиски: Cactus) — песна на американската рок-група Пиксис (The Pixies) од 1988 година.[7]
  • „Кактус“ (англиски: The Cactus) — песна на американската хип-хоп група 3rd Bass од 1989 година.[8]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.