Јукатански Проток
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јукатански Проток или Јукатански Канал — проток помеѓу Мексико и Куба кој ги поврзува Карипското Море и Мексиканскиот Залив. Широк е околу 217 км а длабок речиси 2.800 метри.
Струи
Протокот се протега од ’ртот Каточе во Мексико до ’ртот Сан Антонио во Куба.[1], а водата тече низ Карипското Море од исток кон запад. Обемот на премин на водата изнесува 5 Sv од северноекваторската струја која минува низ Приветрениот Премин и 12 Sv од јужноекваторската струја која тече долж брегот на Бразил, при температура од барем 17 °C. Овие струи минуваат крај полуостровот Јукатан и ја образуваат јукатанската струја,[2] која пак е одговорна за најголемиот дел од дотекот на вода во Мексиканскиот Залив.[3] Јукатанската струја тече силно на западната страна на протокот, додека пак во спротивна насока, по источната страна оди кубанската противструја. Под јукатанската струја во јужен правец тече јукатанската потструја, која носи вода од Мексиканскиот Залив на други места.[3]
Корални гребени
Како што водата тече низ протокот и влегува во Мексиканскиот Залив, таа минува низ плиток дел од морето наречен Кампечки Подводен Брег. Тука се простираат корални гребени, соседни на надворешната граница на јукатанската плоча, околу 100 км од копното. Коралите Acropora cervicornis, Acropora palmata и Montastraea annularis се главни гребеноградители, иако голем дел од нив изумреле на крајот на 1990-тите. Оттогаш наваму дел од нив е повратен.[4] Ова плитко подрачје страда и од прекумерен риболов од мештаните.[5]
Поврзано
- Јукатан (полуостров)
- Јукатан (сојузна држава)
- Список на протоци
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.