Remove ads
проток From Wikipedia, the free encyclopedia
Приветрен Премин — проток во Карипското Море, помеѓу островите Куба и Хиспаниола, од најисточниот дел на Куба и северозападот на Хаити.[1] Широк е 80 км и има пражна длабочина од 1.700 м.
Со островот Наваса на јужниот приод, протокот го поврзува Атлантскиот Океан со Карипското Море, во непосредна сообраќајна линија меѓу Панамскиот Канал и источното приморје на САД.[1]
Светлата од другата страна на Приветрениот Премин се видливи од источниот ’рт на покраината Гвантанамо во Куба и западниот ’рт на Североисточен департман на Хаити.[2]
Низ преминот минува раседното подрачје Септентрионал-Ориенте, од јужниот брег на Куба, па до северниот брег на Хиспаниола. Во текот на холоценот, островите се оддалечувале со стапка од 9 ± 3 мм годишно. Септентрионалскиот Расед се протега на исток барем до сè уште активниот Монски Расед под Монскиот Премин, каде се одвива растегање помеѓу Хиспаниола и Порторико.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.