Кривци
село во Општина Дебар From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Дебар From Wikipedia, the free encyclopedia
Кривци — село во Општина Дебар, во областа Горен Дебар, во околината на градот Дебар.
Кривци | |
Поглед на Кривци | |
Координати 41°32′38″N 20°31′38″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Дебар |
Област | Горен Дебар |
Население | 3 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1250 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 08001 |
Надм. вис. | 760 м |
Кривци на општинската карта Атарот на Кривци во рамките на општината | |
Кривци на Ризницата |
Бранислав Русиќ во својата книга „Дебарско Поле“ забележал дека мештаните и соседните Македонци селото го нарекувале Кривци, додека самите Албанци го нарекувале Кривца. Во Слепчанскиот поменик, издаден во периодот 1544 и 1548 година, се наведува како Кривчин, додека во преписот на истиот поменик од страна на Бигорскиот манастир во 1863 година двапати се наведува како Кривци. Под ова име се наведува и во сите понови записи. Најстариот Македонец во селото наведува дека името на селото доаѓа затоа што „сме биле криви“, односно од коренот крив.[2]
Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Дебар, недалеку од самиот град Дебар, на оддалеченост од само 2,5 километри и припаѓа на неговата рурбална зона.[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 760 метри.[3] Селото се наоѓа на падините на Дешат.
Кривци има заеднички селски атар со соседното село Хаме. Се смета дека за време на отоманскиот период, овој атар припаѓал на самиот град Дебар, односно на неговото Бајрамбег-Маало. Селото се наоѓа помеѓу земјиштето на Хаме на север, Горно Косоврасти на исток, Татар Елевци на југоисток и градот Дебар на југ.[2]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Шпела, Кошариште, Грмадиште, Песок, Чифлиг, Оградја Љаљит, Свети Никола, Забели Унџас, Туле Ѓериз, Студенец, Ливад Корчас, Ливад Чаушит, Драга, Рудина, Мала Штирна, Ливади Пишас, Вирои, Крљушка, Кокошка, Зоговец, Гуриште, Ара Шабан-Темлит, Равша, Фириште, Уљулпца, Параспор, Черешна, Мечка, Оградја или Ограда, Куковци, Странца, Стара Леска, Слива, Туни Вода и Ливад Цукас.[2]
До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 1202.
Земјата околу Кривци е темен варовник со наизменички шкрилци, а самата почва е растресита. Има повеќе плодна црница отколку црвеница.[2]
Северно од селото тече потокот Алакат, а јужно од него Зоговец. Понекогаш, потоците ги поплавуваат некои ниви под селото. Во минатото, вода за пиење селаните добивале од три чешми: Насуфаговске или Оломановске, Чешме Маде (Голема Чешма) и Калуѓерица (на некој стар манастир).[2]
Селото се наоѓа на осојна страна, а куќите се свртени кон запад и кон југ. Дел од куќите се издвоени од целината на селото, што се случило поради Балканските војни, кога многу од куќите биле срушени. Куќите најчесто се од камен, а само некои од порамно и пониско тло имаат на горниот кат чатма.[2]
Подрачјето на Кривци е населено уште од средниот век, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[4]
Во 1906 година, при борби на локалните Албанци со отоманската војска, селската џамија била разрушена.[5]
Голем дел од куќите во селото биле срушени за време на Балканските војни. Дотогаш во селото имало околу 70 куќи, од кои 12 биле македонски.[2]
Атарот на селото е заеднички со соседното село Хаме и зафаќа простор од 6,9 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 293 хектари, на шумите отпаѓаат 240 хектари, а на пасиштата 72 хектари.[3]
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.[3]
Мештаните се занимавале со кираџиство („превоз на луѓе и стока“), како и со работеле надвор од селото за надници.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 60 домаќинства со 104 жители христијани (Македонци) и 95 жители муслимани (Македонци).[6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кривци живееле 330 жители, од кои 250 Албанци и 80 Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кривци имало 46 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Албанци.[9]
Кривци е мало село, коешто во 1961 година имало 110 жители, а во 1994 година 54 жители, албанско население.[3]
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Кривци, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[б 1]
Според пописот од 2002 година, во селото Кривци живееле 9 жители, сите Албанци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Албанци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 330 | 46 | 110 | 119 | 110 | 100 | 42 | 8 | 54[б 2] | 9 | 3 |
Кривци е албанско село, во кое порано имало и Македонци.[2]
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото биле:
Од ова село и православното и муслиманското население се селело.[2]
Од православното население иселеници има во Скопје и Бугарија, највеќе во Софија. Потекнуваат од родот Крстевци или Новковци. Во Бугарија целосно се иселил родот Кукевци.
Од муслиманите иселеници има во Дебар (Стурцовци, 2 к.; Јусуфаговци, 5 к.; Крљуковци, 2 к. и Насуфаговци, 6 к.), Тирана (Стурцовци, 2 к.; Јусуфаговци, 1 к.; Крљуковци, 3 к. и Насуфаговци, 2 к.), Истанбул, Анкара, и во други места во Албанија и Турција (разни родови).
Кон крајот на XIX век, Кривци било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Дебар, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Дебар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Дебарска градска општина, во која влегувал градот Дебар и селата Баниште, Бомово, Елевци, Коњари, Кривци, Рајчица, Селокуќи, Спас и Хаме. Во периодот 1950-1952 година селото било дел од некогашната Општина Баниште, во која влегувале селата Баниште, Кривци и Хаме.
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0550 според Државната изборна комисија, сместено во простории на поранешната касарна во Дебар. Во ова избирачко место се опфатени и селата Баниште и Хаме.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 301 гласач.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 306 гласачи.[17]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.