Коњари
село во Општина Дебар From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Дебар From Wikipedia, the free encyclopedia
Коњари — раселено село во Општина Дебар, во областа Горен Дебар, во околината на градот Дебар.
Коњари | |
Воздушен поглед на местото на раселеното село Коњари | |
Координати 41°31′23″N 20°28′51″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Дебар |
Област | Горен Дебар |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1250 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 08020 |
Надм. вис. | 520 м |
Коњари на општинската карта Атарот на Коњари во рамките на општината | |
Коњари на Ризницата |
Бранислав Русиќ во својата книга „Дебарско Поле“ забележал дека мештаните селото го нарекувале Којнари или Којнаре, додека сите соседни Македонци Конари, Којнари или Коњари. Во Слепчанскиот поменик, издаден во периодот 1544 и 1548 година, селото се споменува како Конари со две македонски имиња. Во поново време името на селото се запишува со „њ“, односно како Коњаре, Којњари или Коњари. По предание, името на селото доаѓа од луѓе кои ги паселе своите коњи пониско од денешните куќи, на месноста Патковици, каде имало убава трева на ливадите и добро поило. Тие подоцна се населиле на тоа место и таму чувале многу патки.[2]
Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Дебар, а чиј атар се допира со државната гранична линија со Албанија.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 520 метри.[3] Од градот Дебар, селото е оддалечено 5 километри.
Селското подрачје се наоѓа помеѓу селото Селокуќи на север, градот Дебар на исток, селото Бомово на југ и реката Црн Дрим на запад. Во источниот дел на атарот се наоѓало и некогашното село Сушица.[2]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Фуша е Којнарес, Фуша е Џепчиштес, Шушица или Шушаиц, Забели и Дејме, Забели и Курзас, Равша е Лиски Дапит, Шлајна, Врачиска, Тона, Дрим, Урда или Орда е Русит или Росит, Вори Бард, Мајка, Шпела, Уј те Фтофт, Габрниче, Љугу и Шкоз, Летија е Мјештит, Нива Даут Имами, Кодра е Куќе, Извор, Патковица, Ара е Ескут, Ара Шарофит, Ара е Ѓорес, Забели, Марена (некогашен манастир), Шулан, Ливади и Питаркс, Љугу и Ајакут и Лера.[2]
До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 1201 од самиот град Дебар.
Земјиштето околу Коњари е зарамнето, со благи долини. Има многу костени, особено јужно од селото. Земјиштето во долините е црница, а наоколу растресита.[2]
Низ селото тече мал поток од изворот Џепчиште и служел за наводнување и поење на стоката. Како вода за пиење се користела Чешма е Бард, која летно време малку тече, дури и пресушува. Во селото имало 15 бунари, но за вода за пиење се користеле само 3. Во суштина, селото оскудевало со вода за пиење во летниот период.[2]
Селото се наоѓало долж долниот дел на една речна долина. Северниот дел се наоѓал на присојна страна, додека јужниот дел на селото бил на осојничава страна. Не било поделено на маала. Куќите биле главно свртени кон падот на земјиштето и биле изградени од чатми.[2]
Основачи на селото и староседелци биле Македонци, кои имале своја црква со гробишта на месноста Киш (црква). Од таа црква, две икони (Богородица и Христос) околу 1800-тите години биле пренесени во банишката црква „Св. Димитриј“.[2]
Во XIX век, селото било населено со турско население.[4] По иселувањето на Турците, селото е иселено.
Подоцна, во 1889 година е запишано дека во Коњари живееле 28 лица, Арбанаси. Во 1912 година, селото имало 41 куќи, а во средината на 1916 година 220 Турци (односно Арбанаси).[2]
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[5]
Атарот на селото зафаќа простор од 6,4 км2.[3]
Мештаните се занимавале со земјоделство, а имале добри приходи од костени. Селаните работеле и како аргати надвор од селото.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Албанци.[6]
Селото било наполно раселено по 1971 година, когашто броело 415 жители, албанско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Коњари немало жители.[7] Истото било потврдено и на последниот попис од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 320 | 344 | 385 | 415 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Коњари било турско или албанско село.[2]
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото биле:
Од старите македонски семејства кои живееле во селото се знае за Мандаловци, кои се иселиле околу 1855 година. Од нив некои живеат во Дебар, а други во Баниште.[2]
Од муслиманите има иселеници во Турција (Дамони, 3 к.), Албанија (Азизи, 1 к.), Охрид (Хајсе, 3 к.), Хаме (Хајсе, 1 к.), Дебар (Каја, 1 к.) и во Селокуќи (Мурати, 1 к.).[2]
Кон крајот на XIX век, Коњари било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Дебар, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Дебар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Дебарска градска општина, во која влегувал градот Дебар и селата Баниште, Бомово, Елевци, Коњари, Кривци, Рајчица, Селокуќи, Спас и Хаме. Во периодот 1950-1952 година селото било седиште на некогашната Општина Коњари, во која влегувале селата Бомово и Коњари.
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0549 (заедно со дел од градот Дебар) според Државната изборна комисија, сместено во простории на основното училиште „Пенестија“.[12]
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 596 гласачи.[13]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.