Коритник
планина во Албанија и Косово / From Wikipedia, the free encyclopedia
Коритник (албански: Maja e Koritnikut, српски: Коритник) — варовничка планина во североисточна Албанија и југозападно Косово[a], помеѓу градовите Кукуш и Призрен.[4] Целата јужна и југоисточна страна на масивот навлегува во областа Гора, населена со Македонци-муслимани (Горанци).[5] Висока е 2 393 м, мошне шумовита и целосно опкружена со ракавци на реката Бел Дрим. Одделена е од соседната планина Галица со Ванавската Клисура, долга 3,5 км, широка 30, а длабока околу 300 м.[6]
За други значења на поимот, погл. Коритник (појаснување).
Кратки факти Коритник, Највисока точка ...
Коритник | |
---|---|
Maja e Koritnikut / Коритник | |
Поглед на Коритник со Паштрик во позадината | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2 396 м [1] |
Координати | 42.0833° СГШ; 20.5666° ИГД / 42.0833; 20.5666 |
Географија | |
Место | Кукушка област, Албанија Општина Драгаш, Косово[a] |
Матичен венец | Кораб[2] |
Геологија | |
Старост на карпата | тријас[3] |
Вид | варовник |
Затвори