Кораб
планина во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кораб — планина во Западна Македонија, на границата со Албанија.[2] На неа се наоѓа највисоката точка (врв) во Р Македонија — Голем Кораб, со висина од 2.764 метри надморска височина. Кораб е планинска верига која се протега на правец југ-север.
Кратки факти Кораб, Највисока точка ...
Кораб | |
---|---|
Поглед на планината Кораб | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2764 м [1] |
Истакнатост | 2169 м [1] |
Заведена како | највисок во земјата, ултра |
Координати | 41°47′25″N 20°32′48″E |
Географија | |
Место | Македонија Албанија |
Матичен венец | Кораб |
Затвори
Традиционалното меѓународно искачување на Голем Кораб се одржува во почетокот на септември секоја година по повод 8 септември денот на независноста на Македонија.
Поради уникатните природни одлики делот на планината кој влегува во границите на Македонија, во 1952 година е признаен како дел од националниот парк „Маврово“.