From Wikipedia, the free encyclopedia
Призрен (албански: Prizreni, српски: Prizren / Призрен) — град на северните падини на Шар Планина, близу границата со Албанија и Македонија. Тој е центар на истоимената општина и Призренскиот Округ.
Призрен | |
---|---|
Општина и град | |
Prizren Prizren / Prizreni | |
Призрен 2014 | |
Локација во Косово | |
Координати: 42°13′N 20°44′E | |
Држава | Република Косово |
Округ | Призрен |
Површина | |
• Општина и град | 629 км2 (243 ми2) |
• Градска | 22,390 км2 (8,640 ми2) |
Надм. вис. | м | 403
Население (2011) | |
• Општина и град | 182,915 |
• Густина | 295,70/км2 (76,600/ми2) |
• Градскo | 85,119 |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Поштенски број | 20000 |
Повик. бр. | +381 29 |
Таблици | 04 |
Мреж. место | Municipality of Prizren |
Градот се наоѓа на јужниот дел на Метохија, во Призренската котлина. Таа, заедно со Љубижданското поле сочинуваат посебен шарско-пиндски регион, заобиколен од ридот Цвилен (1381 м) и планините Ошљак (2212 м), Паштрик (1978 м), Коритник (2395 м) и Шара. Надморската висина се изменува од 412 до 500 метри. Низ градот тече реката Призренска Бистрица, која го дели на два дела. Таа извира од Шара, а се влева во Бел Дрим. Подрачјето е релативно земјотресно, така што меѓу 1900 година и 1936 година се регистрирани 136 земјатреси.
Климата е умерено - континентална со влијание на подсредоземна. На повисоките предели се чувствува влијанието на Шара, а во пониските на Јадранот. Просечните темпратури за месец јануари се од +0,5 °C до -0,5 °C. Летото е жешко и за месец јули просечните температури се од +21,5 °C до 22,8 °C. Сончевото греење годишно изнесува 2 150 часови.
Во XVII век најмалку 20 000 православни лица се иселиле, бегајќи од турските војски, кои го зазеле градот. Тогаш во градот почнуваат да се населуваат Албанци, коишто доаѓале од југозапад, односно Северна Албанија.
Во 1838 година Австриецот Јозеф Мулер го проценува населението на Призрен и неговата околина на околу 24.950 Срби (христијани и муслимани) или 73,68%, а Албанците (католици и муслимани) се 16,63%.
На крајот на XIX век во градот и околината живееле околу 60 000 лица, од кои 11 000 христијани и 30 000 муслимани Срби. Останатите биле Турци, Албанци, Цинцари и Роми.
Во последните години демографската ситуација е значајно променета:
Година | Албанци | % | Бошњаци | % | Срби | % | Турци | % | Роми | % | останати | % | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1991 | 132,591 | 75.6 | 19,423 | 11.1 | 10,950 | 6.2 | 7,227 | 4.1 | 3,96 3 | 2.3 | 1,259 | 0.7 | 175,413 |
1998 | нп | нп | 38,500 | нп | 8,839 | нп | 12,250 | нп | 4,500 | нп | нп | нп | нп |
Јануари 2000 | 181,531 | 76.9 | 37,500 | 15.9 | 258 | 0.1 | 12,250 | 5.2 | 4,500 | 1.9 | нп | нп | 236,000 |
Март 2001 | 181,748 | 81.9 | 22,000 | 9.9 | 252 | 0.1 | 12,250 | 5.5 | 5,424 | 2.4 | нп | нп | 221,674 |
Мај 2002 | 182,000 | 79.6 | 29,369 | 12.8 | 197 | 0.09 | 11,965 | 5.2 | 4,400 | 1.9 | 550 | 0.25 | 228,481 |
Декември 2002 | 180,176 | 68.4 | 0.0 | 0.0 | 0 | 0.0 | 41,198 | 31.6 | 0 | 0.0 | нп | нп | 221,374 |
За првпат Призрен се спомнува во 1019 година како Приздријана (Призрѣнь) во грамота на царот Василиј II Македонецот.
Во времето на Византија, Призрен бил значајно регионално седиште и во тоа време во него биле изградени тврдините Дрвенград и Вишеград, познат како призренски Горен град. Во него било седиштето на Византиската епископијa. Со Повелбата на царот Василиј од 1019 година, на Охридската архепископија ѝ се подарува Призренската епископија и ова е прв пишан документ во кој се споменува Призрен, тогаш под името Приздријана.
Во времето на византиската власт над Призрен, во него е подигнато востание против царот Михајо VII и на седницата која била одржана во 1072, учесниците на востанието , властелините и скопските бољари го прогласиле кнезот Бодин за владател и го крунисале за бугарски цар. Востанието за кратко време било крваво угушено.
Во Призен и неговата околина постојат неколку тврдини. Сите тие се со словенски имиња, иако повеќето се градени пред доаѓането на Словените.
За време на петвековното турско владеење Призрен е бил важен исламски центар во кој се подигнати бројни џамии, теќета, турбиња и медресета. Во еден период во градот имало 23 џамии, 15 турбета, 21 училишта, 4 медресета и 4 месеџида. Во нив се препишувале арапски, персиски и турски дела со литературна и научна содржина. Најзначајни џамии се:
Хамам или Турска бања, е подигнат кога е градена и Бајракли џамија. Еден од најголемите во Србија, тој е поделен на машки и женски соби.
Еден од симболите на Призрен - Камениот мост е изграден заедно со Синан пашовата џамија. За време на поплавите во 1980 година е оштетен, а потоа обновен.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.