![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/57/Standard_Model_of_Elementary_Particles_mk.svg/langmk-640px-Standard_Model_of_Elementary_Particles_mk.svg.png&w=640&q=50)
Кварк
елементарна честичка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кварк — основна честичка и градбена единка на материјата. Во сегашниот стандарден модел постојат шест типови на кваркови. Кварковите се составни единки на сите познати мезони и бариони. Најпознати бариони се протонот и неутронот, кои се изградени од горни и долни кваркови. Кварковите можат да се наоѓаат само во комбинации од два (мезони), три (бариони) и најново откриените честички со пет кварка (пентакваркови).
![Табела на честички во облик 4х4. Колоните се трите „поколенија“ на материјата (фермионите) и во една колона се „силите“ (бозоните). Во првите три колони, два реда содржат кваркови и два лептона. Колоните на најгорните два реда содржат горен (u) и долен (d) кварк, волшебен (c) и чуден (s) кварк, врвен (t) и длабински (b) кварк, и фотон (γ) и глуон (g). Колоните на најдолните два реда содржат електронско неутрино (ν индекс e) и електрон (e), мионско неутрино (ν индекс μ) и мион (μ), и тау неутрино (ν индекс τ) и тау (τ), како и Z на 0 и W на ± слаба сила. За секоја честица се наведени масата, полнежот и спинот.](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/57/Standard_Model_of_Elementary_Particles_mk.svg/640px-Standard_Model_of_Elementary_Particles_mk.svg.png)
Во табелата, масите на кварковите не треба да се сфаќаат премногу сериозно, бидејќи ограниченоста на кварковите укажува дека нивната маса не може директно да се определи. Масите на овие честички мораат да се измерат индиректно преку експерименти.
Секој од шесте типа на кваркови може да има три различни „бои“. Кварковите сили се привлечни само во безбојни комбинации на три кваркови (бариони), парови „кварк-антикварк“ (мезони) и веројатно поголеми комбинации, како што е пентакваркот, кој исто така може да се најде во безбојни услови. Кварковите подлежат на трансформации со размена на W-бозони, а овие трансформации го детерминираат степенот и природата на распадот на хадроните од страна на слабите взаемни дејства.
Кварк | Англ. име | Симбол | Спин | Полнеж | Барионски број | S | C | B | T | Маса (MeV) |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
горен кварк | Up | U | ½ | +2/3 | 1/3 | 0 | 0 | 0 | 0 | 360 |
долен кварк | Down | D | ½ | -1/3 | 1/3 | 0 | 0 | 0 | 0 | 360 |
волшебен кварк | Charm | C | 1/2 | +2/3 | 1/3 | 0 | +1 | 0 | 0 | 1500 |
чуден кварк | Strange | S | 1/2 | -1/3 | 1/3 | -1 | 0 | 0 | 0 | 540 |
врвен кварк | Top | T | 1/2 | +2/3 | 1/3 | 0 | 0 | 0 | +1 | 174 |
длабински кварк | Bottom | B | 1/2 | -1/3 | 1/3 | 0 | 0 | +1 | 0 | 5 |