Волшебен кварк
From Wikipedia, the free encyclopedia
Волшебен кварк или c-кварк (симб. c, од анг. charm) — вид елементарна честичка, трета по масивност меѓу кварковите. Се среќаваат во хадроните, кои се субатомски честички сочинети од кваркови. Примери за хадрони со волшебни кваркови се J/ψ-мезонот (
J/ψ
), D-мезонот (
D
), оволшебениот сигма-барион (
Σ
c) и други оволшебени честички.
Состав | елементарна честичка |
---|---|
Статистика | фермионска |
Поколение | второ |
Заемодејства | силно, слабо, електромагнетизам, гравитација |
Симбол | c |
Античестичка | волшебен антикварк ( c ) |
Предвиденна | Шелдон Глешоу, Јоанис Илиопулос, Лучано Мајани (1970) |
Откриена | Burton Richter et al. (SLAC) (1974) Семјуел Тинг и др. (BNL) (1974) |
Маса | 1,29++0,05 −0,11 GeV/c2[1] |
Се распаѓа на | чуден кварк (~95%), долен кварк (~5%)[2][3] |
Ел. полнеж | +23 e |
Боен полнеж | да |
Спин | 12 |
Слаб изоспин | Л: +12, Д: 0 |
Слаб хиперполнеж | Л: +13, Д: +43 |
Заедно со чудниот кварк припаѓаат на второто поколение на материјата, има електричен полнеж од +23 e и гола маса од 1,29++0,05
−0,11 GeV/c2.[1] Како и сите кваркови, долниот кварк е елементарен фермион со спин од 12, и подлежи на сите четири основни заемодејства: гравитацијата, електромагнетизмот, слабото и силното заемодејство. Античестичка на волшебниот кварк е волшебниот актикварк, кој се разликува од него само по тоа што неговите својства имаат еднаква величина, но спротивен знак.
Постоењето на четврт кварк е предложено околу 1964 г. од неколку научници (на пр. Џејмс Бјоркен и Шелдон Глешоу[4]), but its prediction is usually credited to Шелдон Глешоу, Јоанис Илиопулос и Лучано Мајани во 1970 г.[5] Првата позната оволшебена честичка (честичка што содржи волшебен кварк) е J/ψ-мезонот, откриен Стенфордскиот линеарнозабрзувачки центар (SLAC) под водство на Бартон Рихтер,[6] и уште еден откриен во Брукхејвенската национална лабораторија (BNL) под водство на Семјуел Тинг.[7]
Откривањето на
J/ψ
(а со тоа, на волшебниот кварк) довело до силен пробив, кога се направени многу откритија во честичната физика. Ова се нарекува „Ноемвриска револуција“.