Шпански јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шпански јазик (español) или познат како кастиљски јазик (lengua castellana) — романски јазик од групата на ибероромански јазици. Јазикот се развил од неколку јазици и дијалекти кои се зборувале во централниот дел на Пиринејскиот Полуостров во IX век[2]. Јазикот постепено се зголемувал и се приширувал со експанзијата на Кралството Кастиља.
шпански јазик кастиљски јазик | |
---|---|
español, castellano | |
Изговор | шпански изговор: [espaˈɲol], шпански изговор: [kasteˈʎano] |
Застапен во | Јужна Европа, Латинска Америка |
Говорници | Мајчин јазик: 329[1] милиони до 400 милиони. 500 милиони како прв или втор јазик. |
Јазично семејство | индоевропско
|
Писмо | шпанска азбука |
Статус | |
Службен во | 21 земја
Меѓународни организации:
|
Регулативен орган | Здружение на академии за шпанскиот јазик |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | es |
ISO 639-2 | spa |
ISO 639-3 | spa |
Linguasphere | 51-AAA-b |
шпански јазик |
---|
Дон Кихот, драгоцено дело во шпанската книжевност. |
азбука · фонологија · историја · правопис дијалекти |
Граматика |
показни зборови · именки · заменки придавки · предлози · прилози глаголи (сврзници · неправилни глаголи) |
Соврмениот кастиљски јазик се развил со прераспоредување на согласките, процес кој започнал во XV век. Јазикот постепено почнал да создава нови зборови, како од домашно, така и од странско потекло. Јазикот станал значаен со шпанската колонизација на Америка, Африка и делови од Азија - колонизација која била предводена од Шпанската империја во периодот од 15 до XIX век. Во тој период јазикот станал најзначаен јазик за владата и трговијата.[3]