Кандид
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кандид или оптимизам (француски: Candide, ou l'Optimisme) или едноставно Кандид (француски: Candide) е сатиричен роман на францускиот писател и филозоф Волтер, напишан во 1759 година.[3] Во „Кандид“, Волтер заклучува дека оптимизмот не треба да се прифаќа некритички и го предлага познатиот принцип според којшто „ние мора да ја обработуваме нашата градина“, наместо Лајбницовата мисла дека „сè е најдобро во најдобриот од сите можни светови“. Денес, Кандид е препознатлив како Волтеровото magnum opus и често се вбројува во западниот канон. Тоа е веројатно најизучуваното дело од француската литература.
Кратки факти Автор, Изворен наслов ...
Фронтосписот на изданието од 1759 година (издадено од Сирен во Париз), со наслов „Кандид, или Оптимизам, преведено од германски јазик од д-р Ралф.“[1] | |
Автор | Волтер |
---|---|
Изворен наслов | Candide, ou l'Optimisme |
Илустратор | Жан Мишел Моро |
Земја | Франција |
Јазик | Француски |
Жанр | Conte philosophique; сатира; пикарски роман; bildungsroman |
Издавач | 1759: Крамер, Марк-Мишел Реј, Жан Нурс, Ламбер и други |
Издадена | јануари 1759[2] |
Медиум | Печатена |
Затвори