Италијански сос
From Wikipedia, the free encyclopedia
Италијанскиот сос — вид на сос како што e оцетот и најчесто се користи во кујните во САД и Канада, кој содржи вода, оцет или сок од лимон, масло од зеленчук, исецкана пиперка, најчесто шеќер или пченкарен сируп, билки и зачини вклучувајќи оригано, анасон, копар и сол. Кромидот и лукот можат да се користат за да го зајакнат вкусот на сосот. Најчесто може да се купи зготвен или може да се подготви со додавање на масло и оцет со кесичката сос во која има сушен зеленчик и зачини.
Северноамериканскиот тип на италијански сос не се користи во Италија, каде салатата најчесто се прелива со маслиново масло, оцет или со сок од лимон, сол, и понекогаш бибер, и не со претходно измешан оцет.[1] Италијанскиот сос исто се користи како миринада[2] за месо или зеленчук, за риба, и на сендвичи. Салатите од тестенини понекогаш вклучуваат италијански сос.[3] Калориски се разликуваат.[4] Најразлични италијански сосови, познати како кремасти, ги содржат истите состојки но со млечни производи и се додаваат за сосовите да бидат по густи и кремасти.[5]