![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/4c/Pavo_cristatus_in_Croatia.jpg/640px-Pavo_cristatus_in_Croatia.jpg&w=640&q=50)
Индиски паун
From Wikipedia, the free encyclopedia
Индиски паун, син паун или обичен паун (науч. Pavo cristatus) — вид голема шарена птица од родот паун (Pavo) на семејството фазани (Phasianidae) со потекло до Јужна Азија, но денес доведена во разни краишта на светот, вклучувајќи ја Македонија.
Индиски паун | |
---|---|
![]() | |
Мажјак | |
![]() | |
Женка | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Кокошковидни |
Семејство: | Фазани |
Потсемејство: | Фазани |
Род: | Паун |
Вид: | Индиски паун |
Научен назив | |
Pavo cristatus Линеј, 1758 | |
![]() | |
Изворно живеалиште на индискиот паун |
Мажјакот е претежно син, а на главата има цуцулка на тенки дршки. Најголема одлика му е долгата опашка со шарени „окца“. Ова се мошне цврсти пердуви кои птицата ги крева (отвора) како ладало за време на додворувањето. Женктие немаат ваква долга опашка, долниот дел од вратот им е зеленикав, а перјето им е со матна кафеава боја. Индискиот паун води претежно наземен живот во отворени шуми, или на обработено земјиште, каде јаде бобинки и жито, но воедно и змии, гуштери и мали глодачи. Звучно е препознатлив по гласниот вик, кој во шумски услови служи за предупредување од грабливци како што е тигарот. Се хранат во мали групи, а од опасност бегаат со трчање и се кријат во ниската растителност. Не летаат, освен кога треба се сместат на високите гранки за да се оседлаат.
Намената на раскошната опашака на паунот веќе подолго време е предмет на научен спор меѓу стручњаците. Чарлс Дарвин кон крајот на XIX век ова го сметал за загадочна појава, која тешко се објаснува со начелата на природно избирање (селекција). Дарвин подоцна ја објаснил појавата по пат на полово избирање, и истото е прифатено од многу, но не и сите биолози. Во XX век, израелскиот еволутивен биолог Амоц Захави го објаснил ова како хендикеп, каде мажјаците искрено ја сигнализираат нивната погодност за размножување сразмерно на раскошот на нивната опашка. Сепак, мислењето останува и понатаму поделено.
Паунот има значење во индиската и старогрчката митологија и претставува државно обележје на Индија. Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП/IUCN) го води видот под статусот „најмала загриженост“ (LC).