Обработливо земјиште
From Wikipedia, the free encyclopedia
Обработливо земјиште или обработлива површина — земјоделски поим, кој значи земја која е погодна за одледување на култури на неа. Поединечната одгледувана површина се нарекува нива.
Денес обработливото земјиште исчезнува со стапка од 100.000 км2 годишно, започнувајќи од средниот век во Европа и Азија.
Најплодниот дел од обработливото земјиште се наносите оставени од поплави на реки и од мориња. Во денешно време поплавите не се толкав создател на обработливо земјиште, главно заради потребата од контролата на поплавите потребна за интензивно земјоделство кое ги задоволува потребите на многубројното население во светот.
Реката Нил и денес редовно се поплавува, и со тоа претекува на своите брегови. По поплавата, водите се повлекуваат и оставаат богата и плодна мил. Оваа мил е одлично ѓубриво за полјоделските култури. Дури и ако земјата е преобработена и сите хранливи материи од почвата се исцрпени, земјиштето повторно станува плодно со нов нанос од мил. Заштитните мерки од поплава како речните бедеми и сл. можеби даваат безбедност, но од друга страна предизвикуваат значајни неповолни влијанија на количеството и квалитетот на обработливото земјиште.