ред птици From Wikipedia, the free encyclopedia
Кокошковидни (науч. Galliformes) — ред птици со крупно тело, каде спаѓаат: кокошките, мисирките, тетребите, фазаните и еребиците. Името им доаѓа од лат. "gallus," — петел. Во овој ред има околу 290 вида птици распространети низ целиот свет. Некои од нив со тек на време станале домашна живина.
Кокошковидни Период: еоцен-холоцен | |
---|---|
Цејлонски див петел (Gallus lafayetii) | |
Научна класификација [ у ] | |
Класа: | Птици |
клад: | Нововилични |
Ред: | Кокошковидни Temminck, 1820 |
Семејства (денешни) | |
| |
Синоними | |
Gallimorphae |
Големината на овие птици варира од 12,5 до 120 см и тежина од 28 g до 14 кг. Повеќето кокошковидни се птици со дебелко тело, дебел врат и средно долги нозе и имаат кратки заоблени крила. Иако многу од нив се лоши летачи, сепак не постои вид од овој ред што не може да лета. Возрасните мажјаци често имаат една или неколку остри мамузи на секоја нога кои ги користат во борба. Половиот диморфизам е изразен кај повеќето видови. Кокошковидните се обично седентарни птици, но има некои од помалите видови, како потполошката која е преселница. Се хранат со растенија, но почесто се сештојади, и тие видови се набиени со кратки и дебели клунови. Младенчињата се хранат со инсекти. Кокошковидните обично се полигамни и несат по повеќе од 10 јајца. Младенчињата многу брзо растат.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.