![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/de/Dermatitis2015.jpg/640px-Dermatitis2015.jpg&w=640&q=50)
Дерматит
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дерматит или егзема — општ термин кој опфаќа повеќе кожни болести. Зборот дерматит потекнува од грчкиот јазик и значи воспаление на кожата. Овие заболувања се одликуваат со јадеж, црвенило и осип.[1] Доколку состојбата е краткотрајна, можна е појава на мали меури, додека кај долготрајни случаи можно е задебелување на кожата.[1] Зафатената површина на кожата може да варира од мала до цело тело.[1][2]
Кратки факти Дерматит, Синоними ...
Дерматит | |
---|---|
Синоними | Егзема |
![]() | |
Умерена форма на дерматит на рацете | |
Специјалност | Дерматологија |
Симптоми | Јадеж, црвенило на кожата, осип[1] |
Компликации | Кожна инфекција[2] |
Вообичаена појава | Во детството[1][2] |
Причинители | Атопичен дерматит, алергиски контактен дерматит, иритантен контактен дерматит, стазен дерматит[1][2] |
Дијагностички метод | Во зависност од симптомите[1] |
Диференцијална дијагноза | Шуга, псоријаза, херпетиформен дерматит, хроничен лихен симплекс[3] |
Третман | Емолиенси, стероидни кремови, антихистаминици[2][4] |
Честота | 245 милиони (2015)[5] |
Затвори
![]() | Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Дерматит е алергиска реакција предизвикана од специфични алергени. На пример, кога кожата доаѓа во контакт со коприва тоа всушност обично предизвикува дерматит. Во главно, најкарактеристичните дерматити се:
- Себороичен дерматит
- Атопичен дерматит (Екзема) - општиот збор дерматит понекогаш се користи во именувањето на оваа болест.
![]() | Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |