Псоријаза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Псоријазата генерално се смета за генетско заболување кое е поттикнато од факторите од околината.[1] Во студии на близнаци, се покажало дека идентични близнаци имаат трипати поголема шанса да бидат афектирани во споредба со неидентични близнаци. Ова наведува дека генетските фактори се предиспонирачки за развојот на псоријаза.[2] Симптомите вообичаено се влошуваат за време на зимата и при употреба на одредени лекови, како бета блокатори или НСАИЛ.[2] Инфекциите и психолошкиот стрес играат клучна улога.[1][4] Псоријазата не е заразна.[2] Основниот механизам вклучува реакција на имуниот систем против клетките на кожата.[2] Дијагнозата вообичаено се поставува врз основа на знаците и симптомите.[2]
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Псоријаза | |
---|---|
Грбот и рацете на лице со псоријаза | |
Специјалност | Дерматологија |
Симптоми | Црвени, лушпести плаки на кожата кои чешаат[1] |
Компликации | Псоријатичен артритис[2] |
Вообичаена појава | Кај возрасни[3] |
Времетраење | Долготрајно[2] |
Причинители | Генетско заболување поттикнато од факторите од околината[1] |
Дијагностички метод | Врз основа на симптомите[2] |
Третман | Стероидни кремови, кремови со витамин Д3, ултравиолетова светлина, имуносупресиви како метотрексат[4] |
Честота | 79.7 милиони[5] / 2–4%[6] |
Не постои лек за псоријаза; сепак, различни третмани можат да помогнат во контрола на симптомите.[2] Третманот вклучува стероидни кремови, крем со витамин Д3, ултравиолетова светлина и лекови кои го супримираат имуниот систем, како што е метотрексатот.[4] Околу 75 проценти од случаите можат да бидат менаџирани само со кремови.[2] Оваа болест се јавува кај два до четири проценти од населението.[6] Мажите и жените се еднакво погодени.[4] Болеста може да се појави на било која возраст, но вообичаено се јавува кај возрасни.[3] Псоријазата е поврзана со зголемен ризик од псоријатичен артритис, лимфоми, кардиоваскуларна болест, Кронова болест и депресија.[2] Псоријатичниот дерматитис зафаќа и до 30 проценти од лицата со псоријаза.[7]