Себороичен дерматит
From Wikipedia, the free encyclopedia
Себороичен дерматит е кожно заболување, кое настанува како резултат на истовремено дејствување на надворешни и внатрешни фактори. Некои нарушувања на жлездите со внатрешна секреција може да доведат до нарушување на метаболизмот на мастите, кое се одразува на функцијата на масните жлезди. Овие жлезди почнуваат да произведуваат мрсен секрет (себум) во поголемо количество со променет биохемиски состав, што претставува хранлива подлога за развој на некои микроорганизми, кои редовно ги има на кожата (сапрофитни микроорганизми). Метаболитичките производи како резултат од исхраната на микроорганизмите со себумот, предизвикуваат надразнувачки реакции на кожата, а последица се воспалителните процеси на кожата.
Себороичен дерматит | |
---|---|
Специјалност | Дерматологија |
Себороичниот дерматит се локализира во таканаречени себороични области на кожата - влакнестиот дел на главата, средниот дел на лицето (чело, веѓи, околу носот, брада), областа на градната коска, на грбот, околу гениталиите и анусот. Во овие регии кожата се зацрвенува, станува влажна и отечена, површината е мрсна и може да биде покриена со масни жолтеникави лушпи, кои предизвикуваат јадеж. Кај новороденчињата себороичниот дерматит се манифестира со бело- жолтеникави корички, красти и лушпи по влакнестиот дел на главата - млечна кора со црвенило во слабинските набори.