Глава
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во анатомијата, глава е горниот или предниот дел од телото на животното кое го содржи мозокот, главните сетилни органи (очите, ушите, носот) и устата.[1] Во биолошката еволуција на животните, главата еволуирала во процес кој се нарекува цефализација.[2] Цефализацијата опфаќа концентрирање на неврони во мозок на едниот крај на животното и на сетилните органи во развој на истиот крај. Членконогите и хордатите имаат достигнато висок степен на цефализација.
За други значења на поимот, погл. Глава (појаснување).