руски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Денис Николаевич Мењшов (руски: Денис Николаевич Меньшов; р. 25 јануари 1978 во Орел) — поранешен руски професионален друмски велосипедист, кој настапувал професионално од 2000 до 2013. Тој бил возач за генерален пласман, специјалист во искачување и многу добар хронометраш. Во 2005 ја освоил Вуелта а Еспања, која ја освоил по вторпат во 2007. Мењшов исто така ја освоил и Џиро д’Италија во 2009 и завршил втор на Тур де Франс во 2010, станувајќи првиот Русин кој успеал во тоа.
Мењшов на Тур де Романди 2011 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Денис Николаевич Мењшов | ||
Прекар | Тивкиот убиец Папата Дени[1] | ||
Роден | 25 јануари 1978 Орел, Советски Сојуз | ||
Висина | 1,80 м | ||
Маса | 65 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач | ||
Професионални клубови | |||
2000–2004 2005–2010 2011 2012–2013 | Банесто Рабобанк Геокс-ТМЦ Катјуша | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 21 јануари 2014 |
Мењшов ја започнал неговата професионална кариера во 2000 со екипата Банесто на Хосе Мигел Ечевари. Неговите први успеси дошле во 2001, кога ја освоил Тур де л’Авенир, етапна трка за млади професионалци. Една година подоцна освоил етапа на Дофине Либере. Во 2003, Мењшов го имал неговиот пробив, кога завршил 11. на Тур де Франс и го освоил пласманот за млад возач. 2004 била неговата последна година во Банесто и неговата најуспешна. Ја освоил Трката околу Баскија, етапа на Вуелта а Арагон, етапа на Париз-Ница и етапата 5 на Вуелта а Еспања 2004.
Договорот на Мењшов истекол во септември 2004 и се преместил во холандската екипа Рабобанк на две години. Станал капетан на екипата по заминувањето на Леви Лајпхајмер во Геролштајнер. Мењшов бил главен кандидат во Рабобанк за Тур де Франс 2005, но поради настинка, завршил 85., 2 часа и 35 минути зад Ленс Армстронг.[2] На Вуелта 2005 бил многу поуспешен. Го освоил воведниот хронометар во Гранада и етапата девет со хронометар во Лорет де Март и ја облекол водечката златна маичка. На етапата 15, го изгубил од вид Роберто Ерас на искачувањата и ја завршил трката зад него. Ерас подоцна бил дисквалификуван поради допинг,[3] и Мењшов официјално ја добил победата на Вуелта 2005. Исто така го освоил и комбинираниот пласман на трката.[4]
На Тур де Франс 2006 Мењшов ја освоил 11. етапа - втора планинска етапа - по спринтот со Лајпхајмер и Флојд Ландис. Последната недела го земала својот данок, па затоа тој отпаднал од третото на шестото место на Алпите.
Мењшов го напуштил Тур де Франс 2007 на етапата 17, еден ден откако неговиот колега Михаел Расмусен бил отпуштен од Рабобанк.[5] Подоцна истата година, ја освоил Вуелта а Еспања, откако водел во втората половина на трката. На Вуелта освоил и една етапа, како и планинскиот и комбинираниот пласман.
Во 2008 Мењшов бил фокусиран на Тур де Франс и не ја одбранил неговата титула на Вуелта.[6] Завршил 4. на Тур. Третопласираниот Бернхард Кол бил дискалификуван за допинг, меѓутоа возачите не биле поместени за местото на Кол. Исто така, претходно Мењшов завршил 5. на Џиро.
Во 2009 Мењшов го освоил Џиро д’Италија, со победи на етапите 5 и 12. И покрај падот во последниот километар на последната етапа, поединечен хронометар низ улиците на Рим, Мењшов ја задржал розовата маичка и го зголемил неговото водство за 21 секунди, победувајќи со 41 секунди над Италијанецот Данило ди Лука.[7][8]
На Тур де Франс 2010, Мењшов дошол до второто место. Тој бил првично трет, но потоа се поместил на второто место, како последица на суспендирањето на Контадор за допинг аферата, како што било одлучено на 6 февруари 2012.
Подоцна во 2010, Мењшов се преместил во Геокс-ТМЦ, како заеднички водач со Карлос Састре. Мењшов бил заменет како водач во Рабобанк од Роберт Гесинк. Со Геокс, Мењшов завршил 8. на Џиро д’Италија 2011. Екипата не била повикана на Тур де Франс. Мењшов завршил петти во генералниот пласман на Вуелта а Еспања, помагајќи му на колегата Хуан Хосе Кобо во победата во генералниот пласман.
На крајот на 2011, Мењшов се преселил во руската екипа Катјуша за сезоната 2012.[9] Мењшов во сезоната 2012 се насочил на Тур де Франс 2012, иако бил повреден на падовите. Исто така, Мењшов го освоил руското национално хронометарско првенство. Го започнал Тур многу добро на осмото место на прологот, но поради здравствени проблеми, завршил само 15. на крајот на трката[10]. Потоа се насочил кон Летните олимписки игри 2012, каде настапил за Русија на олимписката друмска трка и на поединечниот хронометар[11]. По Олимписките игри, Мењшов возел на Вуелта а Еспања, каде ја освоил претпоследната етапа на Бола дел Мундо, откако го поминал Ричи Порт.
СО = се откажал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.