![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/4e/Cartesian_Product_qtl1.svg/langmk-640px-Cartesian_Product_qtl1.svg.png&w=640&q=50)
Декартов производ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Декартов производ или Картезијански производ — во математиката е директен производ на множества. Името го добил по францускиот математичар Декарт,[1] благодарение на чие засновање на аналитичката геометрија била поставена основата за овој концепт.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/4e/Cartesian_Product_qtl1.svg/320px-Cartesian_Product_qtl1.svg.png)
Декартов производ на две множества X (на пр. множество точки на x-оската) и Y (на пр. множеството точки на y-оската), означен како X х Y, е множество од сите можни подредени парови во кои првата компонента е елемент на множеството X, а втората компонента е елемент на множеството Y (во примерот тоа би била целата рамнина):
Декартов производ од две конечни множества може да се претстави со табела, така што елементите на едното множество се распоредени во редови, а на другото во колони. Тогаш подредените парови може да се разберат како ќелии во табела, каде што секој се одредува според неговиот ред и колона.